Биди со оние кои ќе ти ја освојат душата, луѓето чие его е неприметно, но душата голема.

Постојат луѓе кои од прва ти ја освојуваат душата, без да се наметнуваат со нешто. Кои не се трговци во односите, кои имаат добри намери со тебе, бидејќи нема позадина на нивната приказна. Тие луѓе се викаат пријатели.

Вистина е дека такви луѓе има малку, но такви луѓе постојат. Оние кои нема постојано да вагаат што во односот добиваат а што губат, сигурни се во себе, бидејќи имаат вредност која тоа им го овозможува, во секој друг да видат вредност.

Постојат луѓе кои ќе го сменат твојот поглед на светот а без да си свесен дека нешто се случило. Тоа се едноставни, тивки, ненаметливи луѓе, чии зборови не се расфрлање ‘празна слама’, во чии поглед нема скриени вистини, кои ќе застанат позади се’ она што ќе кажат.

Тоа се луѓе кои веднаш треба да ги пуштиш во својот живот, бидејќи од него ќе направат чудо, поврзи се со такви луѓе и изгради пријателство, бидејќи тоа е една од најголемите инвестиции која никогаш нема да пропадне.

Постојат луѓе кои во твојот живот ќе влегуваат како трговци, како луѓе кои дошле по нешто и мораат да дадат нешто за замена, мораат нешто да продадат, да се прикажат како добри и убави. Оние на кои влезот во твојот живот е само една од опциите, бидејќи моментално не знаат што би можеле друго.

Нив нема да ги видиш кога ќе ти требаат туку само кога нив нешто им треба, од такви луѓе тргај се, подобро ќе ти биде. Приближи се до оние кои ќе ти ја освојат душата, луѓето чие его е неприметно, но душата голема.

Тоа се оние кои секогаш имаат нешто да ти дадат, убав збор, насмевка, гушкање, утеха или охрабрување и на крај , стануваш подобар човек. Биди блиску до луѓето кои ќе те освојат со љубов и добрина. Кога си во нивното друштво и ти си подобар човек и подобро се чувствуваш.

Од таквите луѓе, секој ден ти е најдобар ден.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: