За да бидете среќни, не мора да правите ништо, ние веќе ја поседуваме

Многумина ја мерат својата лична вредност, врз основа на тоа колку пари заработуваат или каков автомобил возат, што облекуваат, колкава куќа имаат и како нивната ‘трева’ е поубава од онаа на соседот.

Истражувањата покажуваат, дека таму, каде еднаш ќе успеат да се осигураат основните физички потреби ( храна, покрив на главата итн), колерацијата помеѓу среќата и материјалниот успех бргу станува нула. Секако, ако немаш што да јадеш и живееш на улица без покрив над главата, додатни 10 илјади евра сигурно ќе влијаат на твојата среќа.

Но, ако живееш просечно во развиена земја, додатни 10 илјади евра годишно нема да влијаат на ништо, особено ако се убиеш од работа, со викенди и сл. Исто така постои истражување, кое покажува како тетраплегичарите се посреќни од оние кои добиле на игрите на среќа. Како е тоа можно? Што тоа ни зборува за врската меѓу надворешниот свет и внатрешната состојба, како што се задоволството или среќата?

На материјалниот успех често му се дава предност, над другите вредности, како што се чесност, не насилство и сочувство. Кога луѓето се вреднуваат себеси, не по своето однесување, туку според статусниот симбол кои успеале да го постигнат, тогаш тие не се само плитки, туку многу веројатно и ги искористуваат другите ,за да го достигнат посакуваниот материјален статус.

Се’ за што се грижат тие луѓе е што нивните деца мислат за нив, што ќе мислат соседите, што ќе мисли сопругот/ сопругата. Размислуваат за тоа како треба да се стане славна личност. Нашето општество и култура, деноноќно тоа ни го ставаат во главата.

Успешни луѓе! Што успеале? Успеале од себе да направат магаре, бидејќи сета своја енергија ја потрошиле за добивање на нешто безвредно. Исплашени се и збунети, марионети, како и сите.

Среќата е нашата природна состојба. Среќата е природна состојба на малите деца на кои им припаѓа сето богатство на овој свет, се додека општеството и културата не ги извалкаат и ги загадат со својата глупост. За да ја остварите среќата, не морате да правите ништо, бидејќи таа не се стекнува. Ние веќе ја поседуваме.

Како можете да стекнете нешто што веќе го имате? Тогаш, зошто не ја доживувате среќата? Затоа што мора нешто да отфрлите. Прво илузиите. Не мора ништо да додавате за да бидете среќни, вие мора само нешто да отфрлите.

‘ Животот е лесен, животот е прекрасен. Тежок е само за вашите илузии, амбиции, вашата алчност, вашиот копнеж’- вели мудриот Anthony de Mello.

Не можеме всушност да станеме среќни ‘однадвор’ и воопшто мерењето на успехот со материјални работи е само по себе – неуспех.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: