Кога си задоволен со себе, незадоволните сами се тргаат од твојот живот

Кога ќе ти затреба помош во животот, ќе доживееш вистинско изненадување помешано со шок. Прво ќе те изненадат оние од кои си очекувал помош, а без трага исчезнуваат, а позитивно ќе се изненадиш од оние ќе ти помогнат, а од нив не си очекувал.

Тоа сознание може да биде драгоцено. Токму во тој момент ќе ги прочиташ кој е кој. Немој да те залажува твојот став за луѓето, кои си ги стекнал во моментите кога ти било добро, кога си имал пари, кога си стекнал успех на различни полиња, бидејќи она што тогаш луѓето зборуваа и правеа, повеќе е поради она, што ти во тој момент си бил.

Кога ќе ти затреба помош во животот, научи добро да ги набљудуваш луѓето, бидејќи тие немаат само едно лице, тие имаат уште стотина маски, кои по потреба ги користат во различни ситуации. Кога ќе ти затреба помош во животот, знај дека нема да ја добиеш од оние, од кои цело време очекуваше, од оние кои се правеле како големи алтруисти и хуманитарци, оние кои често го спомнуваат зборот пријател, човек и користат такви фрази, срцето да ти се растопи од нежност.

Тогаш кога ти е најтешко ќе видиш дека луѓето се разликуваат. Тука се делат, оние кои ќе ти помогнат, без приговор и потценување и оние кои ќе ти поставуваат услови и ќе бараат некој надомест, интерес за тоа што ќе ти помогнат.

Ќе видиш дека оние моќните, оние кои многу имаат, оние кои се преправаат дека се добри, бргу ќе исчезнат, а ќе останат неколку луѓе кои навистина се твои вистински пријатели. Кога ќе ти затреба помош во животот, ќе доживееш вистинско изненадување помешано со шок.

Нека тоа сознание биде показател во кој смер ќе оди твојата иднина, кои луѓе ќе ги почитуваш како капка вода на дланка, а од кои ќе го кренеш сидрото и ќе тргнеш во нов живот без нив.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: