Кој ви ја враќа насмевката на лицето?

Како другата страна да се натера да возвраќа онолку колку и’ се дава?

Ова е многу чест проблем со кој се борат многумина. Луѓето кога им даваат нешто на другите, очекуваат дека ќе добијат нешто за возврат. Тоа се нарекува тргување, не давање.

Многу, многу, многу е важно, да ја сфатиш разликата помеѓу давање и трговија..Ако даваш, тогаш даваш од срце и без очекувања дека тоа ќе биде вечно. Ако очекуваш дека ќе ти биде вратено, тогаш не си дал- туку си се пазарел.

Кога ќе му подариш на некој подарок, ако посакаш да подариш и некој да направиш среќен, без очекувања дека таа иста личност ќе ти возврати на некој начин, тоа значи дека си дал од срце без пресметки.

Моќниот закон на примање и давање гласи: Се’ што им даваш на другите, си даваш, всушност себе си. Секако се’ што им правиш на другите, си правиш и себе си. Ако упатиш некој убав збор или направиш добро дело, кој е победник во приказната, кој е во добивка? Ти или таа личност?

И двете, ти и таа на која си упатила убав збор или направила добро дело. Се’ што даваш, ти останува тебе. Можеби ќе помислиш, како подарокот кој си му го подарил на некој, може да ти остане тебе? Едноставно…Начинот на кој се чувствуваш, чувството на радост и исполнување, тие спомени кои си ги создал, засекогаш се сочувани во тебе, се’ тоа ти останува тебе.

Кога некој ќе научиш на некоја вештина или ќе го предадеш своето знаење, тебе тоа знаење и понатаму ти останува. Делејќи го своето знаење со другите, ти уште подобро учиш. Пред на некој нешто да му подариш, биди свесен зошто тоа го правиш и подари единствено ако подаруваш со чисто срце, без очекување дека ќе добиеш нешто за возврат. Кога даваш, тогаш давај без пресметки, без очекувања.

Дај затоа што сакаш и знај дека секој дар, кој ќе го подариш на некој, всушност си го подаруваш себе си. Се’ што даваш ти останува тебе, но само ако даваш без очекувања.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading