Сите знаеме дека од љубовта се чувствуваме добро, но дали знаевте дека зад тоа стои вистинска наука? Сакаме да ви покажеме некои од најневеројатни и научно докажани доблести, кои љубовта ги има врз вашиот ум и тело.
- Љубовта е природен аналгетик.
Сите знаеме дека со гушкањето се чувствуваме добро и утешено. Сепак, неодамнешните истражувања покажале дека окситоцинот (хемискиот спој во мозокот, кој создава чувство на мир и блискост) кој се ослободува во текот на 10-20 сек на долго гушкање, може ефикасно да ги отстрани болките, посебно главоболките. Исто така, гледањето на фотографии, на саканата личност го зголемува прагот на издржливост и ја намалува болката (до 40% во умерените случаеви, 15% во тешките).
Нашиот мозок ја поврзува сликата на нашиот партнер со пријатна дистракција која ја прави болката поднослива, на ист начин на кој делува анелгетикот. Од друга страна, научниците докажале дека сексауалната стимулација исто така, ја блокира болката. Тоа е посебно делотворно кај хроничните болки во грбот, кај симптомите на артритис и грчеви.
2. Љубовта се грижи за вашето срце.
Истражувањата покажале дека изразувањето на љубов, го намалува бројот на отчукувањето на срцето за половина. Тоа е поделотворно во стресните ситуации, а долгорочно, го намалува ризикот од срцеви заболувања. Освен тоа, за окситоцинот (кој е познат и како љубовен хормон) се верува дека е најневеројатен молекул на светот- го намалува стресот, го снижува крвниот притисок, ја смалува анксиозноста, ја зголемува самодовербата и ни помага да ја избегнеме и да се бориме против депресијата.
3. Љубовта му помага на телото во борбата против болестите.
Со гестовите со кои се искажува љубов, од држење за рака до сексуални активности, се зголемува производството на ендорфин што за возврат, го зголемува нашиот имунитет. Исто така, луѓето со физички проблеми кои се чувствуваат сакани, подобро реагираат на лечење и имаат појака мотивација за борбата против болестите.
4. Љубовта ја лечи несоницата.
Љубовните хормони (окситоцин и ендорфин) инхибираат ослободување на кортизол, хормонот одговорен за стрес и тоа доведува до подобар одмор. Опијатите, кокаин, никотин, алкохол, создаваат зависност поради тоа што го менуваат нивото на допамин во нашето тело. Допамин е хормон, кој е одговорен за напливот на задоволство и еуфорични ефекти. Заљубеноста функционира на ист начин. Сепак, освен допамин, исто така го потикнува лачењето на тестостеронот и окситоцинот, кои ја прават најдобрата комбинација во избегнувањето и борбата против зависноста.
Со други зборови, да се биде заљубен значи да се исполни својот живот со задоволство и занес, кои ви се потребни. Љубовта и искрените смислени односи не ни се случуваат туку така. Ние бираме да сакаме, бираме да го подобриме односот, да се однесуваме поинаку и на крај, ние бираме да бидеме среќни и здрави.
Психологот Robert Sternberg рекол: ‘Без искажување на љубов, дури и најголемата од сите љубови, ќе исчезне’. Имајќи го тоа на ум, отворете го своето срце и покажете љубов, затоа што е тоа најефикасниот начин да добиете повеќе.
Извор: atma
Leave a Reply