Мислиме премногу и чувствуваме премалку

Писмото на Чарли Чаплин до светот. За жал, неговите зборови се и денес подеднакво силни како и далечната 1940 год.

‘Сакам да им помогнам на сите ако е тоа можно- евреите, кривоверниците, црнците, белците. Сите сакаме да си помогнеме едни на други. Посакуваме со другите да живееме во среќа, а не едни со други во беда. Не посакуваме да мразиме и со презир да гледаме едни кон други.

На овој свет има место за сите, земјата е богата и може да им даде на сите. Начинот на живот може да биде слободен и убав, но го загинавме патот. Алчноста ги загади сите човечки души, светот е ограден во омраза, како гуски во магла влегуваме во беда и крвопролевање.

Развивме брзина, но се затворивме во себе. Машините кои даваат изобилство, не’ оставија желни. Знаењето не направи цинични, а паметот, тврди и нељубезни. Мислиме премногу и чувствуваме премалку. Повеќе од машините, ни треба човечност. Повеќе од памет, ни треба човечност, добрина и нежност. Без тие квалитети животот ќе биде насилен и се’ ќе биде изгубено.

Авионите и радиото не приближија едни до други. Самата природа на тие изуми бара добрина во луѓето, бара универзално братство, за единство на сите нас. Дури и сега, мојот глас достигнува до милиони луѓе ширум светот, милиони очајни мажи, жени и мали деца- не очајувајте.

Бедата која е над нас, само е алчност на минување- горчината на луѓето кои се плашат од човечки напредок. Омразата на луѓето ќе помине, диктаторите ќе умрат и моќта, која им ја зедоа на луѓето, ќе се врати.

И се додека луѓето умираат, слободата никогаш нема да умре. Во Евангелието по Лука, во 17 поглавје пушува:’ Божјото царство е во човекот’ – не во еден човек ниту во маколкумина, туку во сите луѓе! Во тебе! Вие луѓето имате моќ- моќ за создавање на машина. Имате сила да создадете среќа!

Вие луѓето имате моќ, овој живот да го направите слободен и убав, да го направите прекрасна авантура. Затоа, во име на демократијата, да ја искористиме таа моќ, да се соединиме сите. Да се бориме за нов свет- пристоен свет кои на луѓето ќе му даде прилика за работа, кои на младите ќе им даде иднина, а на старите сигурност.’

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: