Сосем е вообочаено да се чувствуваме навредени, но треба да ја согледаме неговата штетност и да се потрудиме да не упаѓаме во такви состојби. Од каде ова чувство потекнува и зошто има такво силно влијание на нас?
Невозможно е било кој со нешто да се навреди.
Секој од нас сам одлучува, дали ќе се навреди или не- и најчесто ние ја бираме првата опција. Но, што ќе постигнеме, кога сериозно ќе се навредиме и веруваме, дека тоа некако ќе ни помогне во животот?
1. Чувството на навреда е деструктивно и го застанува нашиот личен развој. Луѓето кои многу се навредуваат, не успеваат во ниту една сфера од животот.
2. Ако го пуштиме тоа чувство во својата душа и дозволиме, таму да остане, тоа ќе стане главно чувство и нема да им дозволи, на другите чувства кои се потребни за нашиот личен развој.
3.Навредата е главната препрека на патот за достигнување на целта.
4.Навредата е причина за болести, кои се појавуваат на физичко ниво. Причина за сите навреди, се крие во неоправдани очекувања и неостварени желби. Во нашиот однос со блиските луѓе, секогаш нешто очекуваме од нив:’ Еве, мама ќе ми купи нова кукла ( а не купила) или’ денес моето девојче ќе дојде порано и ќе одиме во кино’ (а таа не дојде, па никаде не отидовме) или ‘моето дете совршено ќе го совлада англискиот јазик и ќе го запишам на најпрестижниот факултет’ ( а на детето не му се учи јазик, туку сака да биде ветеринар).
И на таков начин, ние постојано се чувствуваме навредени, но всушност, сите тие навреди се создадени без никаква причина, од нашите пусти фантазии и очекувања. Ги обвинуваме нашите блиски, поради нашите разочарувања, за кои тие не се виновни ни должни, па почнуваат да чувствуваат дека се.
И така ние, всушност се уништуваме не само себе си, туку наметнуваме деструктивни чувства кај нашите блиски луѓе. За да го застанеме тоа уништувачко делување на навредите, треба да ги трансформираме во позитивна енергија на успехот и напредокот:
1.Пуштете ја навредата и ослободете се од неа. Ако сте навредени на некоја конкретна личност или неколку луѓе, простете им на било кој начин и дајте им до знаење, дека не се лутите и не сте навредени од нив, туку ги сметате за учители во својот живот.
2.Не ги пуштајте навредите длабоко во своето срце. Држете растојание од луѓето или ситуациите кои ви се непријатни. Агресивни се луѓето- енергетски вампири, кои се обидуваат да стапат со вас во контакт за да се нахранат со вашата енергија. Не им го дозволувајте тоа.
3.Одете кон својата цел пополека и внимателно, без нагли движења и вишок труд. Пополека влегувајте во резонанца со својата желба, демонстрирање смиреност, а не претерана заинтересираност ( ако тоа не успеам да добијам, нема да можам да живеам без тоа), бидејќи нема да ја остварите својата цел, ќе чувствувате разочарување и ќе ја негувате навредата кон себе самите, кон животот, и кон сиот Свемир, кој наводно не ви помогнал и ќе престанете да делите, што значи дека нема да се развивате и напредувате.
4.Престанете да очекувате од другите, да се однесуваат онака како што вие посакувате или, моментално во нив да се појават промени какви што посакувате. Не заборавајте дека Свемирот функционира по принципот ‘ Никој за Никој не мора Ништо’.
Навредата е последица на гордоста и неспособноста за добра комуникација. Додека лажно самовозвишување ја тера личноста да се смета за супер суштество, но Свемирот и другите луѓе, таа личност ја сметаат за обичен човек и на тој начин ја третираат. На крај таа личност не може да разбере како е тоа можно, неа, таква совршена и идеална, никој да не ја почитува, па почнува да се штити од сите- со помош на навреди.
Простете им на сите околу себе, оние кои се блиску до вас или далеку, кои се живи или веќе го напуштиле овој свет. И најважно, простете си себе си.
Извор: cluber.com.ua
Leave a Reply