Еден од најголемите предизвици со кои се сретнуваме на патот кон запознавањето на себе си, е реакцијата на туѓите коментари. Негативните секако. На позитивните сите реагираме на ист начин.
Секогаш првата реакција е пресметка со оној кој рекол или напишал некој неубав збор. Со аргумент, дека тој нема право така да коментира. Кога ќе станете свесни дека сите ситуации се неутрални и дека вие со вашите мисли, на сѐ му давате некакво значење, почнувате малку и поинаку да гледате на работите.
Другиот начин е да реагирате во себе и со тешко срце да се воздржите од одговор. На крајот ќе забележите дека таквите коментари не ве допираат воопшто. Не како порано.
Сфаќате дека тие коментари се одраз на емоцијата која жестокиот коментатор ја носи со себе. Тоа нема врска со вас туку со болката на другиот. Ќе дојдете и до фазата во која ќе имате жал и разбирање, дека тој другиот е несреќен, дека не ја нашол среќата во себе.
Во исто време ќе бидете среќни кога ќе забележите колку сте напреднале. Секој има право да коментира. Прашање е како ние ќе реагираме на тоа.
Leave a Reply