Гушкајте подолго, сакајте појако, простете порано

Препреките не’ научија, дека во животот за ништо не треба грчевито да се држиме, бидејќи ако на нешто уште не му е времето, нема ништо да се постигне, ако одиме со главата низ ѕид.

Не’ научија дека со очекувањата кои ги имаме за другите луѓе, нема далеку да стигнеме, и порано или подоцна ќе се разочараме во самите себе, што своите очекувања ги вложувавме во погрешни луѓе.

Удирањето во ѕид, ќе не’ опамети, дека поголемиот број на проблеми во животот, доаѓаат кога работиме нешто без размислување, а уште повеќе кога премногу размислуваме, а не работиме речиси ништо.

Никој не може да не’ застане, ако сме уверени во исправноста на она што правиме и ако ги слушаме другите, дека сме безвредни и за грев, тогаш проблемот не е во тие другите, туку проблемот е во нас, што воопшто им веруваме.

Препреките во животот не’ научија многу работи, дека во животот не постојат граници помеѓу победа и пораз, туку дека се работи само за промени, кои во нашиот ум ќе го добијат своето вистинско значење.

Не постои место каде што е испишана судбината на секој од нас, туку секој си пише со свој молив или за жал, им дава на другите, во книгата на неговиот живот, да пишуваат како што сакаат.

Кога си пред предизвик, учиш дека животот може да се живее со помалку грижи, нервирања, сомнежи и одложувања, забушавања и дека туѓото мислење, воопшто не е битно, се важи само нашето.

Препреките не’ насочуваат, на чудото на животот кое е во нас, на способноста и потенцијалите кои ги имаме и кои ни се на располагање и ни помогаат да ги развиваме и да растеме.

Но, најмногу од се’ тие не’ учат, како се станува Човек.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: