Дали некогаш сте размислувале, дека грешките не’ обликуваат и ни помагаат да се развиваме?

Можеби прво треба да се скршиме за да станеме целовити. Сите ние во животот се среќаваме со разделување. Ова е една од најтешките работи во животот. Посебно кога е во прашање долга врска, кога сте граделе долгорочни планови.

Неверојатно е тешко да се разделуваме со нашите најблиски. Тешко е да се преживее раскинувањето со човек, со кој сме планирале да живееме до крајот на животот. Во вашиот живот, бил човек за кого сме правеле се’. Го отворивме своето срце и душа.

Меѓутоа…тој ви причинувал болка. Чекор по чекор ја убивал љубовта. Без сомнеж, не сте замислувале дека тоа ќе ви се случи. Она од што сте се плашеле се случува. Доаѓа време, кога повеќе не можете да продолжите во ист дух. Одлучувате да го завршите тој однос.

Секако, се појавуваат многу прашања. Посакувате да сфатите, кога работите тргнале наопаку. Се обидувате да ги утврдите грешките кои вие и вашата друга половина сте ги направиле.

Престанете да се мачите себе си. Сите правиме грешки. Во љубовта нема место за логика. Нема исправни и погрешни одлуки. И двајцата сте одговорни за својот допринос во односот. Се случува, луѓето идеално да си одговараат едно со други. Се случува луѓето да се некомпатибилни.

Не постојат случајни средби. Ги сретнуваме луѓето, за да сфатиме нешто многу важно. Треба да научиме одредени лекции. Не можете тоа да го сфатите во моментот, но тоа се многу важни лекции.

Откога ќе ги совладате, ќе добиете живот за кој отсекогаш сте сонувале. Многу е можно, дека ќе го сретнете вистинскиот човек. Дали некогаш сте ја слушнале изреката: ‘Без олуи и урагани не се станува капетан?’

Болката и страдањето ни се неопходни. Тие ни помагааг да станеме подобри. Тие не’ проколнуваат. Без правење на грешки, нема да станете она што сте денес. Ви требале такви односи.

Неопходно било, да го искусите тоа болно одвојување. Треба да се помине низ сето тоа, да станете јаки и мудри. Морате да поминете низ тие нездрави односи. Морате да ја искусите таа болка. Треба да почувствувате како е тоа да се составувате себе од делови секојдневно. Се’ ова ви помога да сфатите нешто.
Сега знаете дека вистинската љубов е нешто друго. Таа буди сосем поинакви чувства и емоции. Сега станавте мудри. Сега знаете како да ја разликувате вистинската љубов од едноставната привлечност.

Сега сте потполно отворени за љубов. Знаете што ви треба. Нема повеќе да се согласите на ништо помалку. Ако веќе сте поминале низ се’ ова, тогаш ви остана само малку да причекате.

Наскоро ќе добиете тоа што заслужувате.


Извор: http://www.more.club/post/lyubov-pridet-kogda-vy-usvoite-odin-vazhnyj-urok

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: