Не молете за внимание од било кој…а најмалку за љубов

Можеби ги плашиш, бидејќи точно знаеш што сакаш, а што не сакаш. Навикнати се на несигурни луѓе околу себе и сега, не разбираат кој си Ти.

Можеби ти се плашат, бидејќи им зборуваш она што не сакаат да слушнат, бидејќи навикнале да им се сервираат лаги. Твоите зборови толку им се неразбирливи, што ништо не сфаќаат или не им веруваат.

Можеби ги плашиш, бидејќи обрнуваш внимание, на нивниот говор на телото и очите. Можеби не навикнале, да ги гледаат или слушаат и твоето внимание им создава нелагода, бидејќи тоа значи дека треба да ги извадат маските.

Можеби се плашат, бидејќи твоето срце чука побрзо од нивното и не можат со тебе да го држат чекорот. Можеби се плашат, бидејќи не ти требаат.

Знаат дека можеш да преживееш без нив, знаеш како да се заземеш за себе. Можеби ги плашиш, бидејќи знаеш колку вредиш, а тие се навикнати да бидат на пиедесталот и не знаат да бидат никаде на друго место.

Без оглед на причините, продолжи да ги плашиш со својата сила, искреност, добрина, со својата присутност и способност да ги прочиташ.

Оди напред и биди ‘страшна’.

Rania Naim

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: