Не се плаши, олуите се тука за да се пресметаш со стравот во себе, да ги разрешиш еднаш засекогаш сомнежите и да видиш, за што се’ си способен.
Тие нема да траат вечно, нивното траење е само точката, која ќе ја раздвижи твојата сила која заспала, а ти да одговориш, колку си подготвен да се бориш, за она што ти е најважно во животот. Не се плаши од животните олуи, се’ она што од нив доаѓа, можеш да ја наречеш награда, ако си ги поминал.
Олуите се тука да те направат трпелив човек, да оставиш траг на позитивна личност, која во негативни ситуации може да ја задржи насмевката на лицето. Тие се тука да научиш, колку се важни мали и едноставни потези, а не само оние големите, кои ги сметаш за важни.
Да престанеш да размислуваш во рамките ‘јас’ и почнеш да размислуваш во рамките на ‘ние’. Да видиш кој е горд што те има и покрај тебе е.
Да те направат посилна личност, за да сфатиш дека се’ она што во животот си посакувал, е на другата страна на твојата уплашеност и дека тоа е само една твоја развојна фаза.
Сфаќаш дека луѓето и случувањата се тука со причина и дека само од тебе зависи, дали ќе останат и по тешките моменти. Секоја олуја во нешто ја претвораме, некои и во обичен спомен, а некои во лекција.
Тоа е и тајната на олуите, да не’ направат способни за живот. Но, после се’ остануваат тишини, кои не се празни туку исполнети со одговори за себе и животот.
Ако правилно ја преживеа олујата, по неа ќе остане чувство на радост, што е позади тебе уште едно искуство, во кое си го почувствувал она најдлабокото, кое ќе те донесе до она најдобро од животот.
Leave a Reply