Те молам, биди доволно јака и почни од почеток

Не е доволно само да се тргне кон иднината, треба да се донесе одлука, дека нема постојано враќање во минатото кога ќе загусти, секогаш да се верува во добро и тогаш, кога работите нема да одат како што треба и кога искуството ни кажува, дека патот е долг.

Треба храброст, не сметајќи ги годините, да одлучиме од почеток да живеме, без оглед што досега сме поминале. Треба да се негува човечкото во себе, друго ништо не е вредно, бидејќи каде и да стигнеш, без човечност не си постигнал ништо.

За да се направи чекорот напред, треба да знаеме, дека имаме две судбини, онаа која моментално ја живееме и она во која веруваме и за кои сме подготвени се’ да направиме, за да ја постигнеме, дека чудата не се некои спектакуларни работи кои ги очекуваме, туку ситни знакови на љубов, кои им ги правиме на другите.

Треба иднината да се привлече, да се создадат прилики, а не да се чекаат прилики, да им се пристапи на другите, а не да се чека другите први да ни пристапат, да се избере искуство кое сакаме да го доживееме, а не да чекаме да бидеме избрани од некој или нешто како пасивен набљудувач.

Кога ќе излеземе од својата кожурка, имаме шанса нешто од нашиот живот да биде, а ако се затвораме од се’ и од сите, ќе се затвориме и од животот.

Кога ќе тргнеме кон иднината ќе сфатиме дека тоа не е пат во еден смер, има и враќања, недоучени лекции кои треба да ни влезат во главата, но нашата желба да не се откажеме е толку јака, што веднаш ќе се вратиме на патот по кој сме тргнале.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: