Тргни се од луѓето кои те празнат и приближи се, до оние, кои ја исполнуваат твојата душа

Ќе те испразнат луѓе, настани, работи и кога понекогаш, ќе останеш сам, се чувствуваш како некоја празна вреќа. Ќе те испразнат со својата баналност, разговори во кои немаат длабочина, со трачеви кои ништо не значат и се прашуваш, како можеш да се препуштиш на сето тоа, каква утеха во тоа може да се пронајде, кога по секоја сеанса изгледаш се’ по изгубен, уморен и оптеретен.

Луѓето гњават, со своите двосмислени изјави, двојни игри, криење зад нешто што не се, па на крајот се прашуваш, зошто немаш време и со што го полниш својот ум. Сметаш дека ништо лошо не може да се случи, од тоа се’ што слушаш, се’ што ќе видиш и доживееш, но на крајот сфаќаш, дека си останал контаминиран со еден тон негативности, кои од другите преминале на тебе и кои, се рашириле низ твојот ум, размислувања и чувства.

И ќе посакаш да се повлечеш некаде во осаменост, некаде каде никој нема да зборува, како треба да живееш, никој нема да го анализира твојот живот како некој психолог, да ги крои твоите правила, да го пикне носот во твојата интимност.

Посакуваш да се тргнеш од се’ и сите, и да уживаш во светот на својата самотија, непосредност, искреност, едноставност, топлина, без било какви потреби, пред некој да се претвораш, глумиш, понижуваш и омаловажуваш.

Не се предавај на чувството на бесмисла, бесцелност само затоа што така живеат и други, па помислуваш дека и ти треба така да живееш.

Избери го својот пат и следи го. Немој некој да те зароби со својата бесмисленост, со приказни кои се вртат во круг и кои на крајот, ќе бидат само твое негативно чувство.

Тргни се од луѓето кои те празнат и приближи се до оние, кои ја исполнуваат твојата душа, ти даваат сила за нов ден.

Ќе видиш колку ќе го промени твојот живот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: