Оди смирено низ бука и гужва и сети се на мирот, кој може да се најде во тишината. Колку е можно, биди во добри односи со сите луѓе. Зборувај ја својата вистина смирено и јасно, а слушај ги другите, дури и глупите и неуките; и тие имаат своја приказна.
Избегнувај ги бучните и насилните луѓе, тие се терет на духот. Ако се споредуваш себе си со другите, можеш да станеш огорчен или горд; бидејќи секогаш ќе постојат поголеми или помали од тебе. Радувај се со своите достигнувања и со своите планови.
Одржи го занесот, за своето лично знаење, колку и да е скромно; тоа е вистинско благо во променливи времиња. Биди внимателен во своите работи, бидејќи светот е полн со измами. Но, тоа не треба да те спречува да видиш колку доблести има.
Многу луѓе тежат кон високи идеали и секаде животот е полн со херојство. Биди она што си (биди свој). Посебно немој да глумиш љубов. Не и’ се потсмевај на љубовта, бидејќи и покрај огорченоста и разочарувањето, таа е вечна како трева.
Спокојно примај го искуството од годините, складно напуштајќи ги работите од минатото. Негувај духовна сила, да те штити од неочекувана несреќа. Но, немој сам себе да се ожалостуваш со измислување на приказни. Многу стравувања се создаваат од умор и осаменост.
Освен одржување на здрава сила, биди благ кон себе. Ти си дете на Свемирот, ништо помалку отколку што се дрвата и ѕвездите. Имаш право да бидеш овде. И било да ти е јасно или не, нема сомнеж дека Свемирот се развива како што треба. Значи, биди во мир со Бог и без оглед, каква ти е работата и кон што тежнееш во бучната турканица на животот, задржи го мирот во својата душа.
Покрај сета валканица и кукање и срушени соништа, ова е сепак прекрасен свет. Биди внимателен. Потруди се да бидеш среќен.
Desiderata
Текст, пронајден во старата црква на Свети Павле во Балтимор – 1682 год
Leave a Reply