Никогаш не вели Никогаш

Размислувам за луѓето кои постојано ја повторуваат фамозната реченица: ‘Јас тоа никогаш нема да го направам’..Некогаш и сама бев таква. А вие?

И навистина постојат работи за кои мислев дека не смеам ни да помислам да ги направам…но, ете ги направив. Кога подобро ќе размислам, речиси се’ што сум рекла ‘аааа тоа не’ -ме снајде.

Долго време мислев дека тоа е знак на слаб карактер, недоволно цврст став, самоконтрола, но не…Старата Јас, навистина веруваше дека некои работи не можат да се случат. Новата Јас, нема врска со тоа.

Се’ она во што сме верувале Вчера, не мора на било кој начин да влијае на нашето Денес. Она што е Денес, можеби воопшто нема да има допирни точки со Утре.

Бидејќи, Ние не сме исти. Се менуваме, секоја секунда и повторно се раѓаме секој ден. Затоа одамна престанав, така грчевито да се држам до некои ставови и уверувања. Се’ сакам, се’ би можела, а можеби и не.

И што и да биде или не биде, совршено е. Бидејќи токму такво ми е потребно.

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: