Понекогаш, погрешните избори не’ носат на вистинските места

Бидете совесни, самокритични, почитувајте ги личните односи, бидете подготвени да се жртвувате; многу да работите и квалитетно; скријте ја иритацијата и потиснете го бесот. Покажете ја само светлата страна на карактерот и обвинувајте се за се’. Трпеливо поднесувајте подлост или агресија од другите, бидете кротки. За да се разболите од сериозна болест, морате да бидете такви. Ова е психолошки портрет на онколошки пациент.

Секако, секој може да се разболи. Но, ваков ‘преубав’ човек најверојатно ќе се разболи. Тој само плаче и ги гризе усните, поради неправда и навреда. Да, уште и се обвинува себе си, за тоа- ако навредиле, тогаш постои причина!

Не треба да ги губите нормалните чувства, за да се прилагодите на другите. Треба да се грижите за себе и својот општествен комфор. Во нашиот организам, живее многу големо стадо на ‘одлични клетки убици’, кои не знаат за совест и сомнеж.

Тие напаѓаат, се’ лошо, се’ чудно; а при претерано трпење и прозирна смиреност, ги уништуваат и нашите заштитници. Се’ помалку ќе ги има. И никој не може да не’ заштити од болести, ако нешто се случи.

Умерена смиреност е добра; а претераното трпење убива. Непријателското влијание, треба да се неутрализира. Треба да се заштити и адекватно да се реагира на напади: инаку ќе останеме во сеќавањето на луѓето околу нас, како удобни и добри.

Ако посакуваме уште да живееме; да бидеме здрави и добри.

А што ќе речат за нас, оние кои намерно ни предизвикале болка, мене лично не ме интересира. Само да не кажат лицемерно, простувајќи се од мене- ‘бил добар, кроток, удобен и така вкусен’.


Ана Кирјанова

Извор : https://zen.yandex.ru/media/id/5af5d5e94bf1619ffff86aa9/izlishnee-terpenie-ubivaet-5b4a377d506e9100a9472a26

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: