Пуштете го животот од кафезот, наречен ‘Мора’

Никогаш грижата не може да ви помогне, лошите работи, да не се случат. Може само да ви го одземе мирот, спoсобноста за расудување, можноста за уживање во работите кои се добри.

Дали може некој да ви ги земе убавите моменти, со луѓето кои ве сакаат и почитуваат, да ја украде радоста со која пристапувате во животот?

Грижата може да растури се’ она, што со години го градевте и себе си се вложувавте целосно. Дали после се’, се исплаќа да се грижите за нешто што не се случило?

Никогаш грижата не може да помогне, работите да бидат поинакви. Може само да ви го замати погледот, да го застраши вашето срце, да станете неодлучни и да се прашувате кои избори да ги донесете и меѓу кои луѓе да се побара заштита

Грижата не ја зголемува вербата во вашите соништа, може само да ги зацврсти вашите стравови и сомнежи, што побргу да се откажете од се’ и да почнете да се прашувате, колку се’ тоа има смисла и да се посомневате, во своите таленти и способности.

Никогаш грижата не смее да завладее со вашата емоционална судбина, бидејќи ќе се затворите во себе, ќе се одалечите од се’ и ќе почнете животот да го гледате како катастрофа.

Затоа, не и’ давајте, да го одземе вашето време, кое би го поминале опкружени со луѓе и работи кои ги сакате, да го запоседне вашиот темперамент и луѓето, со текот на времето, да почнат да се одалечуваат од вас, бидејќи вашата присутност повеќе не им одговара.

Не и’ дозволувајте, да ја замати вашата зрелост, па да почнете да носите одлуки кои и се закануваат на вашата самодоверба и вашите вредности.

Никогаш грижата не може да ви помогне да ја добиете борбата, бидејќи во неа, веќе сте во состојба на губитник, осудени на пропаст.

Ќе се сетите на цело море на грижи, за кои некогаш сте ‘береле гајле’, а а никогаш не се случиле, но сепак ви направиле голема животна штета, бидејќи ви ја исцицале сета животна енергија.

Наместо да се насочите на грижа, фокусирајте се на својата сила, само на тој начин ќе излезете од сите предизвици како победник, сфаќајќи дека грижата никогаш не е и нема да има смисла.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: