Една мала позитивна мисла, може да го смени цел ден

Слушате веќе безброј пати, како треба добро да се чувствувате, за да ја одржите високата вибрација, за да манифестирате желба. Наутро, кога ќе се разбудите, се препорачува благодарност и добро чувство, но и во текот на целиот ден.

Но, колку пати ви се случило, да дојде некоја фаза на лоши емоции, без потекло, која не можете да ја објасните и што е најважно, против неа не можете многу. Емоции на ниска вибрација, лоши чувства. Дали сте се запрашале, која сила тогаш управува со вас и што всушност се случува? Дали во таа фаза успеавте да го промените фокусот и подобро да се чувствувате?

Зошто е тоа така? Некако секогаш верував дека постои нешто повеќе над нас, но тогаш не знаев точно што. Мојата потрага не траеше долго, бидејќи прво заклучив дека моите негативни емоции, кои ќе се појават одеднаш, дефинитивно не им е местото тука, односно се случуваат без причина.

Од друга страна, бев свесна за себе и никој, не можеше да ме увери дека јас со својата слободна волја, управувам со сите состојби кои ќе ми се појават, со тоа што во моментите кога би чувствувала негативни емоции, имам волја и желба за спротивното. И не само емоциите, туку и ентузијазмот во врска со нешто.

Така бидете и вие. Верувам, дека се знаете добро себе си и дека знаете кога нешто е неосновано, а кога не е. Тогаш кога во животот ќе дојде емоцијата која е негативна, а реално, за неа немате никаква причина, тогаш вашиот Свемир, вашата интелигенција, по пат на емоции, јавува дека во вашиот живот, доаѓа некоја ситуација која може да биде доста лоша по вас, па сака да ве предупреди за тоа.

Тогаш емоцијата ви јавува, дека размислувате на начин, кој не е во согласност со вашата душа, како и решението, за некоја ситуација, која моментално е актуелна кај вас.

Затоа за решавањетоо и разбирањето на пораките кои ви ги носи емоцијата, важно е да се концентрате на неа. Да и ‘ се даде внимание, бидејќи таа нешто пренесува.

Седнете сами со себе пет минути. Концентрирајте се на таа емоција која ве мачи а потоа, обратете се кон својот Свемир и прашајте го: што оваа емоција сака да каже?

Бидете подготвени за примање на пораки. Таа може да дојде по пат на мисли, по пат на пораки или низ искуство кое ќе го привлечете во следните неколку дена.

Автор: Мелита Манојловиќ

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: