Во природата на човекот е да посакува се’ и веднаш, но одложувањето на некои работи, всушност не’ заштитува од некои лоши. Она што е судено, ќе се случи порано или подоцна, а она што не е запишано во судбината е подобро никогаш да не се реализира.
Во животот, се’ се случува токму во оној момент, кога е предвидено и кој е најдобар за тоа. Кога ќе го прифатите тој факт, живитот станува полесен и по опуштен.
Никој од нас не може ни да претпостави, што ќе ни донесе другиот ден. Божјите планови, познати му се само Него. Наше е секој ден да го искористиме максимално и да уживаме во него најмногу што можеме.
Толку сме опседнати со проблеми, што речиси никогаш не издвојуваме ни неколку минути, за да се помолиме и да му благодариме на Бог за се’ што моментално имаме. Луѓето се во главно, насочени на она негативното и никогаш не наоѓаат време да му речат на животот Благодарам, за она добро што им се случува.
Таква е природата на човекот. Кога му е се’ по волја, тој заборава на Бог. Пред спиење, повеќе ќе гледа фотографии на социјалните мрежи, ќе чита трачеви за ѕвездите, но не наоѓа време за она најважното. Во оној момент кога ќе ни се случи некоја неволја, ќе се сетиме на Бог.
По правило, човекот се свртува кон религијата, дури кога ќе се најде во некој проблем. Кога ќе ја изгубиме работата или некој близок е болен. Во ситуации кога не знаеме што и како понатаму, се свртувааме кон Бог. Кога доживуваме некое одбивање, иако направивме се’ како што треба, следува прашањето, зошто тоа се случило. Обично не’ мачат прашања дали правилно постапивме, дали е тоа наша вина.
Единствен одговор на ова прашање е дека Бог има свој тајминг. Ако нешто не оди по план, тоа е затоа што моментално, за остварување на некоја желба не е вистинско време. Многу е тешко да се помириме со идејата дека она што е замислено не се реализира веднаш. Се јавува и чувство на лутина, вознемиреност и нервоза.
Факт е дека остварувањето на целта, ќе предизвика некои други проблеми, бидејќи за се’ во животот постои вистински тајминг. Затоа, наместо да тагувате за она што не се остварило, прифатете ја таквата ситуација и тргнете напред.
Она што е судено ќе се случи порано или подоцна, а она што не е запишано во судбината, е подобро никогаш да не се ни реализира. Наместо да трчате по нешто за кое не сте подготвени, подобро е да се биде трпелив и да веруваш во Бог. Брзањето и нетрпението се главни непријатели.
Животот е патување, а не одредиште. Дали забележавте дека зрелите луѓе никогаш не брзаат и не се нервираат, кога нема да добијат она што посакуваат? Тие се мирни и сигурни во себе и својот пат, бидејќи разбираат дека Бог е свесен за сите нивни желби и цели. Не е важно колку сте релегиозни или колку често одите во црква. Бог и денес се грижи, во вашиот живот да се случи, токму она што треба.
Сите сме исти, кога плановите се рушат, почнувама да се сомневаме во Бог, но тој никогаш не греши. Тој само работи вистински работи во вистинско време. Без оглед колку силно се трудиме да ги испланираме посакуваните случувања, се’ има свое време. Кога ќе го прифатите овој факт со душа и срце, животот станува полесен.
Вистинско време не е она кое вие сте го испланирале, туку она кое ви е судено. Прифатете го фактот дека никогаш работите 100% не се одвиваат по вашиот план и верувајте му на Божјиот совршен план. Јасно е дека за целите треба да се борите, а не да седите и чекате вистинско време, но во случај на неуспех не треба да се очајува, туку да се продолжи да се биде трпелив.
На крајот секогаш ќе добиете она што сте заслужиле и тоа во оној момент кој е најдобар за вас.
извор: Stil.kurir.
Leave a Reply