Да си одиш, значи дека имаш доволно храброст и љубов кон себе

Некои луѓе, наместо да развиваат самољубие, остануваат во тешки односи, кои им штетат, на нивниот душевен мир. Полесно им е да ја трпат емотивната болка, отколку да ја треснат вратата и да ги прекинат односите кои им прават толку штета. Дали ви е позната онаа состојба на страдање, по раскинување на врска?

Исто се случува и кога се обидуваме да ‘оживееме’ некоја лоша врска, а се плашиме да пресечеме, па тоа се претвора во вистинска агонија. Кога нема да ја треснете вратата еднаш засекогаш, туку ја оставате на пола затворена, надевајќи се дека работите ќе се поправат, тоа е исто како да шетате со отворена рана, без да направите било што да се санира.

Кога ќе одлучите да си одите од некој, тогаш тоа направете го еднаш засекогаш, бидејќи во спротивно само создавате агонија и го продолжувате периодот на страдање. Да си одиш, значи дека имаш доволно храброст и љубов кон себе. Прекинот на лошиот однос е подобра опција, откоку останување во такво токсично опкружување.

Подобро е да се биде сам, отколку со било кој само за да имате партнер. Понекогаш се случува да не сме во состојба да ја согледаме реалната ситуација и тоа, колку врската, ни ја нарушула самопочита и среќата.

Емотивната зависност уништува се’, вклучувајќи ја и нашата личност. Се работи за почитување, љубов и грижа за се себе. Во ред е да сакаш некој, но понекогаш даваме и премногу. Фразите како: ‘Те сакам повеќе од себе’, можат да бидат деструктивни за срцето.

Кога сме емоционално зависни, кога не се сакаме себе си, тогаш стануваме марионети на токсичните односи и партнерот. Зошто остануваме во токсични врски?

Се случува често, луѓето кои ќе се најдат во токсични врски, да не се подготвени да се соочат со проблемите и последиците на радикалните одлуки, па затоа полесно им е да останат во лоши врски само за да не бидат сами. Неподготвеноста за решавање на проблемот е во суштина негирање.

Осаменоста, тагата, копнежот, признавањето дека љубовта не е изговор за се’ што сте доживеале, стануваат неизбежни последици, кои се потребни да се искусат, за да продолжите понатаму.

Затоа, некои луѓе, наместо да развиваат самољубие, остануваат во тешки односи кои им штетат на нивниот душевен мир. Полесно им е да одберат да трпат емотивна болка, отколку да ја треснат вратата и да ги прекинат односите, кои им прават толку штета.

Полуотворена врата, прави, да станете зависни и потполно слепи за сите проблеми. За излез од токсичните односи, ви требаат радикални одлуки. Не плашете се да ја треснете вратата после вас, кога си заминувате, бидејќи еднаш кога ќе одлучите да си одите, ќе научите многу и ќе станете многу појака личност, која се почитува себе си, а тоа е најважно.

Извор:stil.kurir

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: