Промената кај човекот е вистинска, одеднаш. Само приметуваш дека не е како порано.
Кога само ќе помислиш, колку години си поминаа во бесмисла, работејќи она што не те прави среќен. Tрпејќи разни луѓе паради кои ги покриваш ушите, и поради кои имаш грижа на совест, со уверувања кои не се твои.
И тогаш се случува нешто со човекот и тој се крши. И знае дека нема да биде исто. Тоа не е знаење кое доаѓа од надвор. Тоа е внатрешен компас. Кога тој ќе се помрдне, тогаш не те снаоѓаат погрешни околности.Тогаш те води чувството.
Па и кога објективно нешто немате, знаете дека имате; кога во очите на другите губите, чувствувате дека добивате. Тогаш одбивате да се свиткувате на било што, што не е во согласност со вашето чувство на праведност, макар и кога немате план и алтернатива.
И нема страв и немоќ , бидејќи решението само доаѓа и тоа еден миг кога сте се сретнале со себе.
Leave a Reply