Животот е едноставен- добиваме само она што даваме

Се сеќавате на онаа изрека која вели: ‘Подобро е да се каеш што не си кажал, отколку да се каеш што си кажал?’ Вистина е дека во поголемиот дел од случаите, подобро да се премолчи, отколку да се коментира некоја ситуација.

Постојат дури 8 такви ситуации, а еве за што станува збор:

1.Кога луѓето оговараат, но тоа не води кон ништо добро. Следниот пат кога ќе се најдете во друштво на луѓе кои оговараат, само молчете. Ако од вас се очекува нешто да прокоментирате, само молчете или кажете го ова: ‘Ми се чини дека тој/ таа прави се што е во можност’. Можеби во тој момент ќе се чувствувате нелагодно, но подоцна ќе се чувствувате многу подобро.

2. На прашањето за вашиот приватен живот: ‘Каков е твојот маж кон тебе’? – е прашање кое може да ви го постави само пријател, но деталениот одговор, може да испровоцира лавина на проблеми. Затоа секогаш обидете се да го избегнете одговорот на прашањето за својот личен живот, или одговорете мистериозно.

3. По очигледна грешка. Одолејте и’ на потребата, постојано да и’ повторувате на личноста за нејзината грешка. Да сте на нејзино место, ни вас нема да ви биде сеедно. На крајот можете да изгледате арогантно, ако на некоја личност и’ зборувате за нејзините грешки. Понекогаш емоционалната интелигенција се гледа во тоа кога ќе сфатите, дека треба да замолчите.

4. Кога подобро сте упатени во проблемите. Своето искуство и знаење, покажете им го на другите само кога е апсолутно неопходно. За проблемите на работа, никогаш не зборувајте со семејството на ручек. Единствено ако некоја ситуација е вондредна. Но, во принцип, своите работни проблеми, решавајте ги само со шефот и тоа во канцеларија, никако за нив не го’тупете’ со пријателите или со семејството.

5. Кога ја знаете темата, која може да ви даде предност. Ако се наоѓате во ситуација во која знаете нешто, што може да ви донесе пари или подобра работа, а при тоа да му наштетите на некој друг- подобро молчете. Ова може да биде прилично тешко, но, ‘на туѓа несреќа, среќата не се гради’.

6. Кога не разбирате за што другите зборуваат. Порано или подоцна, сите ќе се најдеме во друштво, кога темите ќе тргнат во тој правец за кој ние ништо не знаеме. И покрај фактот дека на вашата гордост може да му наштети сознанието, дека сте единствен кој не знае за што станува збор, подобро е ништо и да не коментирате, бидејќи секој коментар за тема, за која не сте упатени може да биде штетен по вас.

7. Во текот на расправијата молчете. Слушајте. Чекајте. Во ситуации кога ќе дојде до расправија, луѓето имаат склоност да кажат некои работи и подоцна, да зажалат поради тоа. Ако сте вознемирени или повредени- само молчете. Почекајте бесот да ви помине, добро размислете и тогаш кажете, она што треба да се каже. Дури и ако сте во право, почекајте, бидејќи другата страна во расправијата, вас, во таа ситуација, тешко ве разбира. Во почетокот е тешко да се замолчи, да не се прокоментира одредена ситуација или збор, но со тек на време се’ може да се научи.

извор: stil.kurir

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: