Очекувај од себе, не од другите

По што ќе препознаете дека се сакате себе си?

По подготвеноста да се менувате. Личноста која се сака себе си подготвена е да биде уште подобра. И нема да се критикува, туку ќе прифати дека не е совршена и дека тоа никогаш нема да биде.

Оној кој се сака себе си, ја сака својата несовршеност, но ја сака и кај другите луѓе. Личноста која се сака себе си нема да си штети самата на себе за да им се допадне на другите оти таа нема потреба да биде она која не е, само за да биде прифатена. Таа се прифаќа самата себе.

Оној која се сака себе си со голема леснотија ќе ви каже НЕ исто како ДА, ако процени дека со своето да кога треба да каже не, ќе се повреди самата себе.

Личноста која се сака себе си нема да биде жртва. Таа знае дека жртва не е облик на љубов. Љубов е облик на љубов. Оној кој зборува дека жртвувањето е љубов е тој кој се жртвува и го нагласува тоа. А љубовта тоа не го прави. Љубовта не нагласува дека е љубов. Љубовта работи со љубов и не ја нарекува љубовта со одрекување.

Оној која се сака себе си, нема по патот да се изгуби, оти знае колку е важно да се остане автентичен, да се остане поврзан со своите страсти и соништа. Со сопствен пример покажува дека е можно да се биде она што си. Можно е да се живее овој живот, а не да се изгуби по патот. Знае ако се изгуби себе си, дека го изгубил животот.

Личноста која се сака себе си, им ја дава слободата на другите, оти ја сака и за себе, па и другите теба да го имаат тоа право.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: