Ти посакувам време…Никаков друг подарок

Ти посакувам време…Никаков друг подарок. Ти посакувам само она што најповеќе го немаш. Ти посакувам време, да се забавуваш и да се смееш. Ако добро го искористиш, од тоа можеш да извлечеш нешто.

Ти посакувам време, за твое делување и твое размислување. Не само за себе, туку и за давање на другите. Ти посакувам време, да не брзаш, да не трчаш, туку време за да бидеш среќен. Ти посакувам време, не само лесно да ти истече. Ти посакувам малку време да застанеш. Време за чудо и време за доверба, а не само да гледаш на часовникот.

Ти посакувам време, да ги погледнеш ѕвездите и време за раст, за созревање. Ти посакувам време, повторно да се надеваш и да сакаш. Нема повеќе смисла да се одложува.

Ти посакувам време да се најдеш, за да живееш секој ден и секој свој час како дар. И ти посакувам време да простиш. Ти посакувам да имаш време, време за живот.

Elli Michler

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: