Чувај ги луѓето кои се радуваат на твојата среќа

Кога ќе стигнеш во некои години, сфаќаш дека тука те донеле две битни работи. Прва е моќта на регенерација ( обновување, оправување) а другата е смислата за хумор ( способност да се смееш, дури и на сопствените грешки).

Не, не станува тука збор за феникс птицата и нејзиното станување од пепелот- не согорува баш секој човек до темел, па да мора, од тој темел и да стане, а оние ретките кои ќе согорат, не го работат тоа еднаш годишно туку еднаш, евентуално два пати во животот.

Станува збор за оние ситуации кои секој од нас ги проживува: кога животот ( или оние кои се дел од тој ист живот) ќе те истриже, изгреба, разболи, искрши. Кога ќе се посрамотиш, па се чувствуваш како стрижена овца. Кога ќе ти ја одерат кожата, па мислиш дека ќе умреш од болка ( иако гребнатинките се најмал степен на повреда). Кога нозете ќе ти ги искршат, па ти се чини дека никогаш нема да застанеш на нив. Кога некаде одвнатре ќе се разболиш а не си свесен, дека ракот те јаде, се’ додека таа топка не земе залет.

Тогаш е важно да бидеш свесен, дека имаш моќ на опоравување. Дека твоите гребнатинки ќе зараснат. Косата ( крзно, влакно, пердуви) ќе пораснат. Нозете ќе оздрават ( но, добро, со строго мирување и гипс, но, ќе оздрави) а леукоцитите, со малку труд, ќе ги остранат сите лоши организми.

Ти треба да им обезбедиш, малку добри услови. Малку вера и цврсто тло под нозете и ќе успееш да се опоравиш. Знам дека на човекот, до насмевка не му е секогаш. Но, да се видиш себе си и светот околу себе низ призмата на хуморот, значи да се сочуваш од горчината, непотребното страдање и чувството на промашеност.

Значи, да си олесниш себе си- себе , некои порази и тешки околности. А при тоа дури не мораш да бидеш добра риба, ниту посебна жена. Мажите околу тебе, ќе те приметат ако сјаеш одвнатре. Не затоа што свесно работат, туку затоа што двете особини им се многу привлечни. И одлична се подлога за развој на многу добри особини кои ги имаш.

А тие најчесто нема да знаат, што тоа ги привлече. И така, кога ќе дојдеш во некои години, ќе сфатиш дека не е важно што не си лавица, ни риба, ни феникс. Но, многу е важно што нозете ти се опоравиле, косата пораснала, ракот излечен, гребнатинките зараснале. А ти после сето тоа, уште можеш да се насмееш.

Онака грлено, гласно. Од срце.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: