Не постои послатка освета, од простувањето

‘Слабите не можат да простуваат. Простувањето е одлика на големите’. – Ганди

Луѓето често го поврзуваат простувањето со помирувањето. Според дефиниција, простувањето не вуклучува секогаш помирување или дури интеракција со сторителот. Простувањето е дефинирано како свесна, намерна одлука, за да се ослободи чувството на лутина или освета кон личноста или групата која ве повредила, без оглед дали заслужуваат и навистина ваше простување.

Петерсон, тоа го опишува како напредок во размислувањето од ‘Јас ќе ги натерам да платат’ или ‘Сакам да ги видам како страдаат’ до тоа да престанете на некој да му замерувате.

Меѓутоа, простувањето повеќе ви значи вас, отколку на вашиот сторител. Како што старата изрека вели: ‘Ако го држите чувството на бес, тоа е како да сте фатиле врел жар, со намера да го фрлите кон некој, но, сами ќе се изгорите’- Буда.

Простувањето е клучен дел од многу религии и цивилни кодови, бидејќи им помага на општествата да лечат и функционираат. Бројни студии откриле, дека позитивните ефекти на простувањето, за оние кои простуваат, е поголем од оние, на кои им е простено. Една таква студија потврди, дека тие кои простиле биле помалку лути и под стрес, помалку приговарале, во споредба со оние кои ја држале лутината и болката.

Everett Worthington, кој со години го проучуваше простувањето, користел своја метода, да го прости бруталното убиство на својата мајка. Тоа се 5 чекори, кои вклучуваат:

– Сети се на повредата.

-Сочувствување на оној кој ве повредил.

-Понудете алтруистички дар за простување.

-Обврзи се да простиш.

-Држи се до простувањето.

Оваа негова метода одекнала многу пошироко, а со тек на времето се вклучило и разбирањето што е простување, простувајќи си себе си и развивајќи ги нашите ‘мускули за простување’.

Тој исто така признава, дека користењето на нашите сили, може да ни помогне полесно да простиме. Тој признава, дека потрагата за смисла во страдањето, може да помогне во простувањето. Тој исто така ја нагласува потребата да се признае сопствената болка, а да не се заглави во неа.

Неговите осум точки за простување се:

1.Знај зошто простуваш и зошто е тоа важно.

2.Стани способен да простиш.

3.Насочи ја внатрешната болка на нешто.

4. Развиј го “умот за простување’ преку емпатија.

5.Најди ја смислата во своето страдање.

6.Кога простувањето е тешко, повикај ја силата.

7.Прости си на самиот себе.

8.Развиј го ‘ срцето кое простува’.

Извот stil.kurir

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: