Често ќе речете: ‘Ќе дадам јас, но само на оние, кои заслужуваат’. Дрвата во вашиот овоштарник, не велат така, како ни стадата на вашeто пасиште. Даваат за да можат да живеат- бидејќи чувањето е пропаѓање.
Има такви, кои даваат малку од своето благо и за тоа што даваат, на признание се надеваат, а таа скриена надеж ги обезвреднува нивните дарови. А постојат и оние што малку имаат, а се’ даваат. Таквите во живот веруваат, а нивната фиока никогаш не е празна.
Има од оние што со радост даваат, а радоста им е награда. И оние кои со болка даваат, а таа болка, е крштевање нивно. А има и такви што даваат, а болката во давањето не ја познаваат, за радост не копнеат, ниту доблеста своја во давањето ја истакнуваат; Низ рацете на таквите, Бог ни се обраќа, низ очите нивни ни се насмевнува на земјата.
Бидејќи оној кој е вреден за деновите свои и ноќите свои, без сомнеж е вреден за се’ што имате да им дадете. А оној кој заслужил да се напие во морето на животот, достоен е и да го наполни пехарот на вашиот поток.
Khalil Gibran
Leave a Reply