Никој не може да ви ја надокнади љубовта, која ја немате кон себе

Човек треба добро да внимава, кого пушта во својот живот. Луѓето на кои ќе им дозволи пристап, во своите најдлабоки предели, ќе ја одреди, не само неговата иднина, туку и квалитетот на неговата сегашност.

Ќе одреди, дали ќе живее во мир и среќа, или постојано ќе биде во некоја тивка војна со другите. Неговиот живот може да биде или рај или пекол. Тие ќе одредат, дали наутро ќе се буди со насмевка на лицето или ќе се прашува како да се преживее уште еден ден.

Од луѓето што ќе ги пуштиме во нашиот живот, зависи колку ќе можеме да бидеме свои, а колку, од стравот од туѓото его, карактерот и наметнувањето, ќе играме по нивен ритам. Колку ќе собере убави спомени или можеби ќе бега од своето минато, со кое не се гордее.

Некои луѓе, ќе одредат кои емоции повеќе ќе ги добијат, но истовремено и ќе дадат, бидејќи покрај негативните луѓе, не е возможно да се возвраќаат позитивни чувства.

Човек треба добро да внимава кого треба да пушта во својот живот. Колку и да е јак и мисли, дека ништо однадвор не може да управува со неговите одлуки, невозможно е да не падне под никакво влијание на оние кои ќе му се приближат и незабележително, ќе му се вовлечат под кожа.

Онолку колку што ќе му дозволи на негативните луѓе да му се приближат, толку еден ден, ќе се обиде да побегне сам од себе, бидејќи пуштањето на некои луѓе, е невозможно а да не се пикнат во неговите размислувања и чувства.

Повеќе од се’, човекот треба добро да внимава кого го пушта во својот живот. Тоа е најважна животна лекција и без неа, сите други паѓаат во вода. Затоа понекогаш одморете се од сите и се’ и добро размислете, каде ќе ги поставите своите граници, внатрешни огради, бидејќи можат да ви го спасат или упропастат животот.

Никој не може да каже дека не знаел што ќе му се случи, тоа што ќе се случи, бидејќи меѓучовечките односи не се ништо друго, освен чиста математика.

Ако на влезната врата од својот живот имате само срце, но не и разум, еднаш, ќе биде предоцна да се исчистите од се’ , што во него сте примиле.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: