Работниот ден е завршен, доаѓате дома и паѓате од исцрпеност. Каде отиде животната енегрија, која утрото беше силна?
Паметното располагање со енергијата, не е помалку важно од правилното располагање со финансиите, правилната исхрана и одржување на потребното ниво на физичка активност..За да не ја трошите животната енергија попусто, односно, на своја штета, неопходно е прво да се утврди каде таа оди, а потоа да се направи план за оптимална распределба на енергијата и до него да се придржуваме.
Ова е важно, бидејќи недостатокот на животната енергија донесува до разни неволји и болести. Како животната енергија, ја трошиме попусто:
1. Незавршени работи до крај. Одложени работи во состојба на мрзливост, досада или несакање, доведува до течење на животната енергија, незабележително, кога размислувате за работите кои не сте ги завршиле. На некои луѓе тие им се појавуваат и во сон, за да ги потсети на важноста, започнатото да го донесат до крај.
Тоа е причина поради која е многу важно, да не почнувате работа за која немате време или желбата да ја правите. Во незавршените работи спаѓаат неисполнети ветувања и долгови кои уште не сте ги вратиле.
2. Лага. Што е поголема лагата, тоа поголема животната енергија која се троши за нејзина презентација: колку е потребно да се смислуваат детали, за да не ве фатат во лага, а тоа исцрпува, не помалку од истовар на вагон.
Трудете се да бидете максимално искрени со своите блиски, познаници и са самите себе- животот ќе ви стане полесен и ќе се појави повеќе енергија.
3.Страв, непријателство, недоверба. Страв, како и лага, троши многу животна енетгија. Недовербата кон човекот или непријателскиот став, исто така го тераат организмот, да работи во стресен режим- на крајот ништо добро не произлегува од тоа. Сетете се, дека сите емоции зависат од вашето доживување на конкретната ситуација и на светот во целина. Работете на себе- и можете да научите да ја чувате животната енергија.
4. Недостаток на контакт со природата. Животот во градот е напорен сам по себе: не постои ниту една минута на апсолутна тишина, ниту шанса да се оддалечите од проблемот, нема ни престој на свеж воздих и единство со природата. Дрвјата, тревата, пеењето на птиците- се’ тоа ја зголемува вашата животна енергија, а ладниот и бездушен град црпи од вас, ве носи во состојба на исцеден лимон.
5. Загриженост и преоптеретеност. Организмот троши многу животна енергија, за работа во режимот преоптеретен или стрес. Не постои ниту еден организам, на кој стресот, не влијае негативно.
6. Разговор безвезен. Зошто трошите животна енергија на разговори, кои не ви користат ни вам, ни на вашиот соговорник? На такво дрдорење, не само што ја трошите енергијата, туку и драгоценото време. Поради тоа, ако почувствувате дека разговорот губи смисла, не се двоумете и прекратете го. Запомнете, животот е прекраток за непотребни муабети.
7. Навреда. Неспособноста да се прости, да се држи во себе лутина и бес- – можеби е најлоша особина на човекот. Негативните емоции од нас ја црпат животната енергија и хранејќи се со неа, растат до неверојатни размери. Ако не можете да му простите на човекот оваа или онаа постапка, сетете се дека и’ нанесувате штета пред се’ на својата психа, психичкото здравје и обемот на животната енергија.
8. Недостаток од сон. Од каде да се земе животната енергија, ако не му дадете одмор на телото и душата? Нарушувањето на биоритмот го носи организмот до забуна: тој не знае како да се носи со поставените задачи без јасен распоред на одмор од работата и со време ‘организира штрајк’.
9. Штетни навики. За организмот не се штетни само алкохолот, наркотиците и цигарите. Постојат многу штетни навики, кои не ги приметуваме: прејадување, употреба на штетни производи, навика негативно да гледаме, на она што се случува, го обвинуваме цел свет за своите неуспеси, итн. Што полошо се храните, тоа му е потешко на организмот да ги отстрани токсините, па таа навика во исхраната, често резултира со болести на џигерот и бубрегот. Навиката на негативното размислување, доведува до пореметување на нервниот систем.
Совет: Ако вие тешко да ја пратите својата животна енергија, располагајте со неа како со финансиите. Направете список на енергетски трошоци и размислете, кои расходи на енергија можат да се намалат, а кои корисни работи по прашање на количината на енергија можете да ги зголемите.
Така ќе можете да го избалансирате својот живот, тогаш ќе имате повеќе сила за сите видови на достигнувања!
Извор: estet- portal.com
Leave a Reply