Не се плашиш од љубовта, туку од скршено срце

Вистина е дека многу размислуваш за љубовта, се прашуваш што тргна однопаку, размислуваш за своите избори и се прашуваш зошто секогаш завршува, пред да почне и дали е твоја вина.

Осаменоста ти го крши срцето, минатото ти го крши срцето, спомените и сеќавањата ти го кршат срцето. Вистината е дека сакаш да бидеш сакана, да посакаш да љубиш. Вистина е дека за тоа размислуваш повеќе, од што си признаваш.

Вистина е дека размислуваш за луѓето кои порано ги сакаше и можеби ти недостигаат, но не сакаш тоа да го знаат, бидејќи нема смисла. Те повредиле.

Вистина дека не се плашиш од љубовта, туку од скршено срце. Не се плашиш, прва да испратиш порака или да се јавиш, се плашиш дека нема да ти одговори. Не се плашиш, на некој да му кажеш дека ти недостасува, се плашиш дали му е важно тоа. Не се плашиш да се заљубиш, туку се плашиш дека ќе дојдеш до крај- не се плашиш од водата, туку од падот.

Се плашиш што ќе се случи по падот- посебно ако си ти таа која паѓа. Се плашиш да го скршиш своето срце, бидејќи мислиш дека само себе можеш да се обвинуваш за тоа. Ти си таа, која го даде своето срце на некој, кој го скрши. Ти си таа која го сакаше некој, кој љубовта не ја возврати.

Се убедуваш дека го преболи, дека има поважни работи во животот, дека го чекаш вистинскиот, бидејќи секогаш паѓаш на погрешни. Но, кога цел живот паѓаш на погрешни, нема да можеш да го препознаеш вистинскиот.

Секогаш ќе се прашуваш дали е тоа уште една лага или игра, дали со тебе се обидува да заборави некој друг или додека најде некој друг. Затоа ги саботираш сите врски, бидејќи се плашиш повторно да сакаш. Ти не се плашиш од љубовта, туку од скршено срце. Не сакаш да бидеш сама и не сакаш да бидеш со погрешен. Иронијата е дека љубовта, го крши срцето и кога си сама.

Осаменоста ти го крши срцето, минатото, спомените,сеќавањата…Не можеш да побегнеш од скршено срце, дури и кога тоа се обидуваш да го избегнеш. И затоа слободно заљуби се во некој, поради кој се чувствуваш добро. Еден ден врската нема да заврши и повеќе нема да се плашиш. Покрај таа личност ќе се чувствуваш најсигурно на светот. Ќе се чувствуваш како дома.

Извор: zdravaisretna

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: