Сите имаме некој, кого го немаме

Човекот е чудно животно, тој истражува СЕ. Оди на Монт Еверест, оди на северниот пол, на Месечина, но никогаш не размислува за патување во својата внатрешност.

Тоа е најголемата болест од која луѓето страдаат. Единствен неистражен простор останува внатрешниот свет на човекот, a таму е вистинското благо. Додека човек не влезе во црквичето на сопственото битие, неговиот живот е само губење на време. Така губиме златна прилика, а не сме ни свесни дека ја губиме.

Толку сме несвесни, што постојано го отфрламе она што е драгоцено, а собираме безвредно. Луѓето навистина трагаат по највредните блага, но, трагаат во погрешен правец. Единственото благо вредно за трагање е вашата сопствена природа. Вистинска пустоловина е да се влезе во својата внатрешност.

Еднаш кога промислено и свесно ќе се посветите и кога одлуката ќе биде јасна: “што и да се случи морам да се пронајдам себе, својата природа, своето битие и нема да ја пропуштам оваа животна прилика” и сета ваша енергија, почнува да се слева во неа, повеќе не постои причина да не успеете, бидејки сите успеваат. Секој што вложил енергија за истражување на самиот себе- се пронашол

Osho

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: