Немаш време за луѓе без душа

Не е важно колку имаме, ниту колку знаеме, па дури ни колкави се нашите способности, бидејќи има луѓе со многу големи способности, кои по падот, потполно се предале и останале на тлото. Најважна е, нашата одлука по поразот, да си дадеме себе си уште една шанса и да се обидеме од почеток, колку и да ни се чини, дека се мали надежите и дека нема да успееме.

Таа одлука, не може никој да ја донесе наместо нас. Не оди напред оној кој има најдобри изгледи или оној, кој има најдобри ресурси за соочување со различни видови на предизвици, напред оди само оној кој одлучил, дека тоа е неговата единствена судбина. Не’ дефинира оној тивок глас со кој се обраќаме кон самите себе.

Луѓето кои ни зборуваат ‘ќе успееш’ или ‘ќе пропаднеш’ не треба да не’ погодуваат во срце, туку нашите сопствени одлуки, сами да ја бираме иднината. Не е важно, она што другите за на мислат и зборуваат, што другите од нас очекуваат, туку нашето прифаќање на се’ што ни се случува, тоа животот го прави многу полесен и прифатлив.

Не’ дефинира, единството во нашето битие, единството на нашите мисли, зборови и дела и кога се’ она што правиме, е одраз на она што е во нас.

Тогаш не можат да не’ покосат никакви надворешни струи, никакви напади на други луѓе, никакви обесхрабрувања или обвинувања. Не’ дефинира вербата во самите себе, која и покрај сите противења ќе покаже, дека сме способни за она што веруваме дека можеме и заслужуваме. Тоа е најдобра дефиниција за човек.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: