И секогаш само себе се имаме..

Љубовта кон себе е заинтересираност за развој. Обрнете внимание- Развој, а не комфор и смирување на своите чувства. Затоа што, тоа ве носи до деградација. Бидејќи, задоволството се формира од два збора- задоволен и волја.

Значи, ако навистина се сакаш себе, почни да ги правиш следниве работи:


Почни да ги решаваш своите проблеми.
Напиши ги своите проблеми на хартија и стави колку време, веќе ги носиш во себе. А многу од нив, одамна можеа да бидат решени. Зошто се мразиш себе си? Зошто повеќе сакаш да ја криеш главата во песок, влечкајќи го тој камен со години? Размисли и одговори си себе си.

Престани да се жалиш себе си. Ако сфатиш дека ‘тоа’ ќе ти помогне да станеш подобар- направи го. Ладниот туш е непријатен. Утринскиот џогинг, те носи во зоната на непријатност. Но, само така ќе растеш и ќе се развиваш.

Стави ја својата среќа во прв план.
Не можеш да ги сакаш другите, ако не се сакаш себе си. Твоите блиски ќе добијат многу повеќе од тебе, ако си посилен. А ако се жртвуваш за други, можеш да дадеш само неколку проценти, на својот вистински потенцијал.

Почни да ги приметуваш своите победи.
Прво, напиши се’ што си постигнал. Направи од тоа дневник на лични достигнувања. Потоа на крајот од секој ден, запиши ги своите победи во дневникот на достигнувањата.


Престани да спиеш на јаве.
Повторувај го ова себе си наутро, попладне и навечер. И давај јасни, свесни одговори. Животот со автопилот ќе те донесе до тоа, во староста да сфатиш, дека си го проживеал залудно. Буди се себе си што почесто можно и менувај ги своите постапки, ако одговорите по тоа прашање не те задоволуваат.

Престани да контролираш она што е надвор од твојата контрола.
Околу тебе има многу информации. А 99% од нив нема никаква врска со твојот живот.Бидејќи не можеш да влијаеш на тоа. Размисли за тоа, на што можеш да влијаеш и почни да делуваш. А на другите заборави.

Заврши со фокусирањето на црно. Во природата се’ е дуално. Дури и ако имаш проблем, секогаш нешто бело и позитивно постои во него. Барем можност, да ги надминеш тие потешкотии и да станеш појак. Така секогаш и сегде, барај пулс- размислувај за нив, развивај ги. И тие ќе те издигнат на врв.

Престани да правиш она што не ти се допаѓа.
Најди варијанти кои ти се на душа. Не ти се допаѓа на работа- смени ја. Не сакаш да трчаш- купи ролери, почни да пливаш или да се качуваш на стена. Запомни, ако работиш она што не ти се допаѓа, во тој момент се мразиш себе. Не прави она што не те развива.
Напиши се’ што сакаш да работиш и исфрли она што не ти помага да бидеш подобар. Потоа додај што може уште да те развие. И почни токму тоа да го правиш.


Извор:http://www.transurfing-real.ru/2018/02/blog-post_867.html

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: