Понекогаш, оној кој го сакате, влегува во некоја животна олуја. И бидејќи го сакате, добро знаете и јасно разбирате, што значи кога тој тогаш ќе ви каже: ‘Само пушти ме, ова морам сам’.
Знаете дека во тој час, не му користи, ни вашиот збор на утеха, ни гушкање, ни ништо. И тогаш можeби ќе помислите, дека никако не можете да му помогнете, но не е баш така. Можете.
Бирајте ги најубавите мисли, молитви, испратете му сила со цело свое битие и она најважно- љубов. Љубов. Онаа, пуштена преку мислите, како непробоен штит и појас за спасување.
А кога бурата ќе помине, а секоја бура поминува, ќе го имате оној, кој го сакате, повторно за себе, уште посилен, зацврстен со искуство, кое мораше да биде само негово.
Понекогаш најдобро помагаме, ако не се мешаме директно. Не бараната помош ( неретко и наметната) е понекогаш, како непобаран совет- пречка на патот на личниот развој. А на оние кои ги сакаме, не треба да им сметаме. Чест за добрите намери, но сите знаеме колку пати не’ заплеткале на патот на животот.
Бранкица Дамјановиќ
Leave a Reply