Дали некогаш ви се чини дека сме толку окупирани со подигање на ѕидови околу себе, за да се заштитиме од потенцијални разочарувања, па, во потполност забораваме да градиме мостови?
Се затвораме, не им дозволуваме на луѓето, да ни приоѓаат и да не запознаат, а потоа страдаме, бидејќи се чувствуваме осамено. Толку сме уплашени од можната болка, што штитејќи се од неа, несвесно ја пропуштаме магијата која ја носи поврзувањето.
Пропуштаме искуства, случувања, среќа, тага. Го пропуштаме животот. Не мора да биде лесно. Доволно е само малку желба за промена и отпуштање на потребата за контрола.
И понекогаш да се разочараме, вредно е за она што од друга страна можеме да добиеме. А тоа е многу љубов.
Leave a Reply