Премолчениот збор е твој роб, а кажаниот, твој господар

Вашиот збор е дар кој потекнува директно од Бог. Со помош на зборовите, вие ја изразувате својата креативна сила. Се’ се искажува со зборови.

За она што сонувате, што чувствувате и какви сте вие всушност, се’ тоа се манифестира со зборови. Зборот е сила, тоа е ваша способност за изразување и комуницирање, мислење, а со тоа и создавање на настани во вашиот живот. Вие имате моќ на говор.

Кое друго животно на оваа планета има моќ на говор? Зборот е најмоќно орудие, кое како човечко суштество го поседувате; тоа е волшебно орудие.

Но, како и мачот со две оштрици, вашиот збор може да создаде најубав сон, или да уништи се’ околу вас. Една оштрица, претставува злоупотреба на зборови, која околу себе создава пекол. Другата оштрица е беспрекорната употреба на зборови, со чија помош можеме да создадеме само убавина, љубов и рај на земјата.

Во зависност од тоа како го употребувате, зборот може да ве ослободи или да ве фрли во најстрашно ропство. Зборот е толку моќен, што може да ви го украде животот или да уништи милиони луѓе. Беспрекорно да се користи зборот, значи да не се користи збор против себе. Ако ве сретнам на улица и ви кажам дека сте глупи, тоа изгледа како да го користам тој збор против вас.

Но, всушност, јас својот збор го користам против себе, бидејќи ќе ме мразите, а тоа не е добро за мене. Значи, ако се налутам и со својот збор, вас ви го пратам сиот тој емпционален отров, значи, го користам зборот против себе.

Ако се сакам себе, јас таа љубов ќе изразам, во комуникација со вас, а тоа значи беспрекорно ќе го користам зборот, бидејќи тој чин, ќе произведе слични реакции.

Ако ве сакам, тогаш и вие ме сакате мене. Ако јас ве навредам вас и вие мене ќе ме навредите. Ако сум ви благодарен и вие ќе ми бидете благодарни. Ако сум себична, кон вас и вие ќе бидете себични кон мене.

Беспрекорно користете го својот збор. Тоа е првата спогодба која треба да ја договорите, ако сакате да бидете слободни, ако сакате да бидете среќни. Таа е многу моќна. Користете го зборот на вистински начин. За да пренесете Љубов.

Беспрекорната употреба на зборови, води кон лична слобода, голем успех и благодет, таа може да го тргне секој страв и да го преобрази во радост и љубов.

Don Miguel Ruiz

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: