Ако немате нова прилика, сепак, отворете врата за неа!

Нашата среќа во многу сегменти од животот, зависи од разбирањето, која врата треба да се затвори, а која треба да остане широко отворена. Понекогаш се соочуваме со околности, ситуации, па дури и сеќавања кои не’ парализираат.

Не можеме да се движиме напред и да се бориме за својата цел, се’ додека нешто не’ задржува и кочи на секој чекор. Што побрзо сфатиме, што не’ спречува и тоа ќе го откачиме од нас, побрзо ќе продолжиме да редиме победи во својот живот.

Кога ќе се случат лоши работи, мора да бидете во состојба да го пуштите минатото и да ја затворите вратата која води во страдање. Ќе дојде време, кога болката ќе престане: вашето искуство ќе биде лекција, а сеќавањата ќе ве потсетат кои сте навистина. Останете секогаш доследни на себе.

Вашата сегашност постои одвоено од минатото и затоа, не смеете да дозволите, она вчера да го одреди, она утре. Посебно ако тоа не ви носи среќа и не води кон нејзината потрага.

Изберете ја вратата, која сакате да ја отворите…и отворете. Ако немате нова прилика, отворете врата за неа!

Секогаш се плашиме од непознато. Не разбираме, што ќе се случи по поразот. Главната работа е да не заборавите, како тие чувства се создале. Причината може да биде молитвата на вашето внатрешно Јас, да ги искористите новите можности. И секогаш се исплатува. Затоа отворете ја вратата за нови искуства, пуштете ги луѓето кои сакаат да бидат присутни во вашиот живот, нека бидат во близина, а напуштете се’ што ве спречува да продолжите понатаму.

Ова е вашата најдобра прилика да бидете вистински среќни. Понекогаш мислиме, дека вратата на иднината е затворена и дека, во нашиот живот не преостанува ништо, што може да не’ инспирира и охрабри. Вашата среќа во потполност зависи од вас. А навидум затворената врата пред вас, навистина чека да ја отворите.

Најчесто имаме се’ што ни е потребно за успех, но тоа не го разбираме. Животот никој не го чека. Затоа жалењето, поради нашите дела или напуштање на сонот, нема никаде да не’ донесат. Животот оди понатаму и мораме да го следиме.

извор: Sеnsa

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: