Важно е молчењето да го разбереш

За да биде љубовта изворна и вистинска, таа мора да порасне во вас, бидејќи љубовта не е учење туку раст, вели индискиот мистик и духовен учител Ошо.

Ви носиме краток извадок од неговата книга- ‘Да се биде во љубов’…

Љубовта не може да се научи, не може да се одгледува. Таквата љубов воопшто не е љубов. Таа љубов не е вистинска ружа, туку пластичен цвет. Кога нешто ќе научите, тоа значи дека нешто дошло од надвор и тука не станува збор за внатрешен раст.

Ако сакате љубовта да биде изворна и вистинска, мора да израсне во вас. Љубовта не е учење, туку раст. Не треба да учите за љубовта, туку да се одучите Не- љубов. Морате да ги тргнете пречките и тогаш, љубовта станува ваше природно спонтано битисување.

Кога ќе ги тргнете препреките и ќе ги расчистите камењата на патот, почнува поројот. Таа е веќе присутна, скриена зад многу стени, но пролетта на љубовта е веќе овде. Тоа е вашето битие.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: