Не ја барај среќата на погрешно место

-Во фантазирање за лагоден живот.

Животот е тежок, но вие сте појаки. Болката ве прави посилни. Соочувањето со стравот, ве прави похрабри. Грешките и скршеното срце, ве прават по мудри. Понекогаш работите треба да тргнат, многу погрешно, за да на крајот, станат правилни. Понекогаш треба да поминете низ најлошо, за да дојдете до најдобро.

Вашето патување не е осмислено да биде лесно, тоа е осмислено да биде вредно. Ако нема борба, нема ни раст. Не е важно, што ви се случило или што сте направиле- она што е важно, е што сте одлучиле дека ќе бидете, од сега па понатаму. Прифатете ги околностите, учете од нив и продолжете понатаму. Ако оставите нешто во минатото, најчесто е чекор напред. Понекогаш е потребно да се напушти, она што сте посакувале да го најдете, за да го најдете она што навистина ви е потребно и што сте го заслужиле.

-Во минатото кое повеќе не постои.

Вие се менувате. Светот и Свемирот околу вас се менуваат. Само затоа што, нешто било правилно во минатото, не значи дека тоа уште важи. Може да биде врска, работа, дом, навика..Да се напушти нешто, не значи секогаш дека сте слаби- тоа едноставно значи, дека сте доволно силни и паметни да го напуштите старото, за да направите простор за нешто ново.

Не се грижете за вратата што се затвори зад вас. Новата врата се отвора секој момент и ќе ја видите ако продолжите напред. Далај Лама еднаш рече: ‘Новиот начин на размислување, стана неопходна состојба за одговорен живот и делување’. Ако ги задржуваме застарените вредности и уверувања, расцепкана свест и дух кој е насочен само на себе, ќе продолжите да се држите до застарени цели и однесувања. Иднина која не е извесна.

Пречесто ја трошиме својата енергија, заглавени во лавиринтот на животот, размислувајќи за тоа, како еден ден ќе побегнеме и како тоа ќе биде добро. Таква имагинарна иднина не’ држи, да одиме понатаму или барем така изгледа. Но, ние никогаш нема да побегнеме. Ние едноставно ги користиме мислите за иднината, за да побегнеме од сегашноста, повторно и повторно, додека не дојдеме до крајот на својот живот и како никогаш и да не сме живееле.

-Во двоумење.

Најдобрата работа која можете да ја направите за себе е да престанете да зборувате- ‘Јас ќе’, туку ќе тргнете веднаш, да направите нешто во врска со тоа. Потребно е да се разбудите едно утро ( веќе утре) и да одлучите дека повеќе не сакате така да се чувствувате, никогаш повеќе. И тогаш ќе ја направите промената, едноставно така.

Додека одите по животниот пат, среќата се случува, кога подготвеноста ќе ја сретне приликата. Ако за нешто не постои простор во вашиот ден, тоа веројатно нема да се случи ни во вашиот живот. Знаењето за нешто, не е доволно- потребно е да се примени.

Да се сака не е доволно, потребно е да се делува. Ако моментално можете да направите само малку, нема врска, направете го и тоа малку. Вредноста која се гради низ времето, во мали размери, често испаѓа вредност која трае. Работејќи нешто, дури и ако е така малку, е неизмерно но продуктивно, отколку да не работите ништо.

-Во удобна зона на комфорот

Можете да се чувствувате пријатно во неа по навика, но ако не ја растегнете зоната на комфорот и не тргнете кон ‘длабоката вода’- нема ништо да се случува во вашиот живот. Држењето само за она, што е пријатно може да биде клучна причина, зошто чувствувате, дека во вашиот живот нешто недостасува.

-Во материјални вредности.

Никогаш не можете да имате доволно она, што ви е потребно, за да бидете среќни. Размислете за тоа. Убаво е да имате пари и работи кои со пари можат да се купат, но, многу е важно, да не заборавите на непроценливите работи, кои парите не можат да ги купат.

Решете се од вишок багаж и чувствивајте, како тежината ве напушта. Толку работи за кои мислите дека ви се потребни, всушност не се, вие едноставно сакате да ги имате. А како вашите желби се намалуваат, вашата слобода и изобилство се зголемуваат. Им се спротиставувате на своите импулси, ослободувајќе се од беспотребни ‘потреби’.

-Во погрешни врски

Поминувајте време со луѓе кои ве прават подобра личност. Опкружете се со оние кои ќе ве издигнат. Ќе бидете големи онолку, колку што се луѓето околи вас и затоа бидете храбри и заборавете на оние кои ве ‘спуштаат’. Пронајдете луѓе кои ве почитуваат, онолку колку што вие ги почитувате нив. Негувајте односи само со оние, кои се среќни и горди што ве имаат во своите животи. Вие тоа го заслужувате. Не правете компромиси по ова прашање.

Во стварноста, цената на среќата и возвишеноста е одговорност. Никој друг не е одговорен за вас. Вие имате потполна контрола, над својот живот, се додека го прифаќате како свој. Можеби сте научиле, да ги обвинувате родителите, учителите, менторите, образованието, владата….но, никогаш не треба да се обвинуваш себе, зарем не? Како да нема ваша грешка…Погрешно!

Секогаш е ваша грешка, бидејќи ако сакате да се промените, ако сакате да растете и да тргнете со животот, еден чекор напред, единствена личност, која тоа треба да го направи сте вие.

извор: Still.kurir

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: