Одете напред и започнете веднаш. Иднината никому не е ветена

Конфучие бил кинески учител, мислител и психотерапевт. Неговиот животни принцип се почитувани со векови. Еве некои корисни вистини:

1.Секој ден мораш да бидеш на страната на доброто. ‘Лесно е да се мрази, тешко е да се сака’.Така, тоа животот го уредил. Добрите работи е најтешко да се добијат. Секогаш бидете отворени за позитивните идеи и трудете се, да не гледате црно на животот и можните случувања.

2.Секогаш бирајте ги вистинските луѓе. Никогаш не се дружете со некој, кој не е подобар од вас. Опкружете се себе си, со луѓе на кои им се воодушевувате, кои се моќни и успешни. Ќе видите како тоа убаво ќе ви се одрази во животот. Семејството не можеме да го бираме, но пријателите можеме!

3.Никогаш не се откажувај! ‘Не е важно колку пополека одите, битно е да не застанувате!’ Упорноста е потребна за да дојдете до целта. Продолжете да се движите дури и тогаш кога ви е тешко. Кога ќе почувствувате, дека не можете понатаму, вие ќе ги замолите пријателите да ви помогнат!

4.Минатото оставете го во минатото. ‘Нема ништо лошо во тоа ако сте згрешиле некогаш, само таа грешка нека остане во минатото’. Не се повторувајте! Никогаш не носете ‘мак на конец’ и никогаш не се враќајте во минатото. Ништо добро од тоа нема да излезе.

5.Дај се’ или ништо! ‘Што и да направиш, прави со срце’! Ако не можете да ги направите работите како што треба, тогаш не работете ги. Она што доаѓа од срце, може да биде успешно!

6.Контролирајте ги своите дела. Кога ќе побесните, веднаш помислете на последиците! Ако на’ прва топка’ реагираме, најчесто подоцна ќе зажалиме. Тука никогаш нема грешка.

7. Направете промени, Кога ќе стане очигледно дека не можете да ја постигнете својата цел, променете го пристапот кон целта! Ако постојано удирате со главата во ѕид, време е да најдете друг пат. Проблемот е можно да се реши, но само на прав начин.

8.Секогаш учи од другите. Ако запознам двајца луѓе, двајцата ќе бидат мои учители! Секој човек, кој ќе го сретнеш во животот, ќе биде некој од кој ќе научиш нешто.

9. Секогаш биди подготвен. Успехот зависи од тоа, колку си се трудел. Механичарот кој сака да ја подобри својата работа, ќе купи нов алат. Добрата подготовка е половина пат кон успехот. Предвиди што те чека на патот кон целта и препреките ќе ги совладаш полесно.

Извор: Stil.kurir

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: