Верувале или не, стресот може да има и добри страни, но само, кога го имаме во мали количини и знаеме да го контролираме, велат стручњаците, бидејќи нас не’ прави подготвени за акција, што од друга страна, го успорува старењето и болестите.
Тоа, секако, не се однесува на хроничниот стрес, кој нема ама баш ниту една добра страна. Сепак, мала количина на секојдневен стрес, има свои погодности, пишува Time, а тоа се следниве три работи:
1. Ја потикнува флексибилноста и личниот раст. Стрес во мали дози не’ потикнува на решавање на проблемите, ни ја гради самодовербата и дава вештини потребни за иднината. Стресот не’ прави и искусни, флексибилни, па со тоа и растеме. Помага и храбро да се соочиме со своите стравови и предизвици, наместо да ги избегнуваме. Кога успешно сме се соочиле со своите стравови, постигнавме вештина поради која, соочувањето со такви ситуации во иднина е многу полесно.
2. Го потикнува зближувањето со другите. Еден од изненадувачките, но корисни ефекти на стресот, е потикнување на зближување и квалитетни меѓучовечки односи. Општествениот живот и квалитетните односи со семејството и пријателите, клучни се, за вашата физичка и ментална состојба.
Луѓето често сакаат да ги разменуваат едни со други, своите стресни искуства, што им овозможува да ги преиспитуваат своите ставови, однесувања и емоции. Претрпените периоди на стрес, ги зацврстуваат партнерските и љубовните врски. Подршката во тешките времиња, е голем фактор на зближување или како што вели старата народна- ‘На маката се познаваат јунаците’.
3. Ја зголемува мотивацијата. Хроничниот стрес го потикнува незадоволството и ја смалува мотивацијата, но во мали дози е можно да се зголеми. На пример, стресот поради рокови, ни помага да се фокусираме на задачата и да ја одработиме, побрзо и поквалитетно.
Сите сме се соочиле со таа ситуација, да развлекуваме некоја работа со денови, но тогаш кога рокот ќе се приближи и одеднаш ќе ја пронајдеме мотивацијата, која ни недостасува. Стресот во такви ситуации е креативна и движечка сила која ни треба.
извор: Still.kurir
Leave a Reply