Не се критикувај себеси. Пробај да се одобруваш и види што ќе се случи

Кога некој во последно време ви рекол, колку сте прекрасни и величенствени? Се сеќавате? Или, како е прекрасно тоа што сте, и што го работите? Кога било тоа?

Можеби и не се сеќавате, бидејќи тоа обично и не се слуша. Она што се слуша, се забелешки и критики, кои ни се испратени. Многу ретко слушаме и се сеќаваме на пофалби. Повеќе даваме комплименти и пофалби отколку што ги примаме. Кога треба да ги прифатиме, се чувствуваме нелагодно, се стегаме..Тоа е работа на (не)отвореност, да примaме и нерамнотежа, помеѓу давање и примање во нашиот свет.

Воспитани сме дека е доблест да се дели, дава, подарува, а не сме научиле да примаме. Како да уживаме во она што сме? И како да го примаме тоа што сме? Како всушност, да се примаме себе си?

Кога некој не може да прими комплимент, подарок или пари, ретко може да прими и љубов, грижа или внимание на друга личност или партнер. И тоа не е ретка појава. Тој дел во нас, кој навикнал да дава, несебично и од срце, вреден е и треба да се негува, но сепак би било сјајно да го видиме и тој другиот, помалиот, а запоставен дел во нас, кој треба да го развиваме, делот кој прима.

Тоа може да биде, во било кој сегмент од животот и било што…Само забележете. И не мора ништо да правите со тоа, бидејќи процесот почнува, со тоа што сте ја препознале таа енергија.

Eнергијата на примање. Таа е топла, целосна и не бара ништо за возврат. Дајте си себе еден комплимент, колку и да делува смешно. Тоа е нешто најубаво, што можете да направите за себе, во овој момент- да се погледнете во огледало и да си кажете себе си: Ти си така величенствена! И секоја чест, за се’ она што постигна до сега!

Ете, туку така, едноставно. И пополека да влезете во енергијата на примање, да пуштите да ве преплави чувството на исполнетост, топлина… Пратете што ви се случува во телото, каде е непријатноста, кои мисли ви се во главата, што се промени..Дали внатрешниот критичар тргнува да опонира, или воопшто не се слуша?

Можеби е смешно, бидејќи е многу едноставно. Можеби на почеток нема да биде лесно, но корисно е. Корисно е за вас и за задвижување на една нова енергија во вашиот живот- енергијата на примање. Ако продолжете да си делите комплиненти себе си, ќе стане ваша мала рутина, додека се подготвувате за работа или додека правите ручек.

Да се пофалите за се’ она што правите, со чувство на топлина, од севкупната енергија која постои во вас. Ќе забележите како работите се менуваат, по нелагодноста, доаѓа насмевка, а со неа и леснотија на една нова перспектива, новиот поглед на самиот себе. Нови можности.

Секој од нас го има тој дел, кој не го гледаме често, а кој е толку волшебен и феноменален! Па зошто тогаш да чекаме, некој друг да го потврди тоа?

Извор: Sensa

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: