Прво, размисли. Второ, сонувај. Трето, верувај и на крај осмели се

Низ цела историја, многу големи и паметни луѓе, професори, филозофи, пророци, околу многу работи не се сложувале, но околу еден закон на природата, едногласно се сложиле: Стануваме она за што размислуваме. Тоа е најчудната тајна.

Прв пат, овој закон е прогласен од страна на некои мудраци, кои одамна оделе по оваа планета, а подоцна, ова иста тајна се појави и во Библијата. Парадоксално, но само мал број луѓе, успеале да ја научат и разберат таа тајна.

Маркус Аурелијус, големиот римски император, во кратки црти, рекол се’ што треба да знаеме: ‘Човечкиот живот е она, што неговите мисли ќе направат од него.

Benjamin Dizraeli, еден од најпознатите примери во историјата на Велика Британија рекол: ‘Се’ ќе дојде, ако човекот биде трпелив. Човекот, ако има своја цел, тој и ќе ја оствари. Ништо не може да му одолее на желбата, која постои за исполнување на неговата цел.

Еден голем ум, Norman Vinsent Peale, вака ги формулирал работите: ‘Ако мислите негативно, резултатите ќе бидат негативни, ако мислите позитивно, ќе имате позитивни резултати’.

Одлична е мислата на Бернанд Шо: ‘Луѓето, секогаш ги обвинуваат надворешните околности за она што станале. Јас не верувам во случајно. Луѓето кои успеваат во денешниот свет, се оние кои бараат околности кои ги сакаат, околности кои им одговараат, а ако не успеат да ги пронајдат, тие ќе ги создадат.’

Прилично очигледно, зарем не? Личноста која размислува за конкретна и вредна цел, порано или подоцна ќе ја оствари, затоа што активно размислува за неа. Обратно, личноста без јасна цел, која не знае каде тргнала, чии мисли се конфузни, живее под стрес, во секојдневен страв и загриженост, ќе креира живот полн со фрустрации, стравови, стрес и грижа.

И ако не размислува за ништо, нема да стане ништо. Старата поговорка вели: ‘Како ќе посееш, така ќе жнееш’. Тој закон, не можеме да го смениме и нема зошто, да се сомневаме во него, бидејќи е тоа едноставно, закон. Против него не можеме. Исто како законот за гравитација.

Човечкиот ум е неверојатен и мистериозен. Нему му е потполно сеедно што сме засадиле: успех или неуспех, конкретна и вредна цел или конфузија, неразбирање, страв, стрес, депресија и сите други негативни работи. По раѓањето нашиот ум доаѓа, заедно со другите работи, со кои сме опремени за живот бесплатно! Но, работите кои ги добиваме бесплатно, ние не умееме да ги почитуваме; ги вреднуваме само оние работи за кои даваме пари, а тоа е најголема грешка.

Парадоксално е, се’ она што навистина вреди во нашиот живот, е бесплатно- нашиот ум, тело, душа, надеж, соништа, амбиции, интелигенција, љубов кон семејството, децата, најблиските, пријателите, љубовта кон земјата во која живееме. Сите овие непроценливи вредности се бесплатни, а работите за кои даваме пари се многу евтини и во секој момент можеме да ги замениме.

Паметниот човек, може во еден момент се’ да изгуби и повторно да создаде богатство. Нашиот ум, е способен да направи било каква работа која сме му ја задале, но во пракса ние, наместо да го користиме за големи планови, за постигнување на големи животни цели, ние го користиме за некои мали безвезни работи, кои помагаат, таму некои други луѓе да ја остварат својата цел, некои кои знаат каде тргнале, некои кои знаат, што сакаат од својот живот.

Одлучете сега, што е тоа што навистина сакате? Ставете се’ на хартија и засадете го семето во својот ум. Тоа ќе биде најважната одлука која во својот живот ќе ја донесете. Сакате да успеете во некоја работа, да напредувате во фирма за која работите или сакате да бидете богати? Се’ што треба да направите е да ја засадите таа цел, тоа семе во вашиот ум, добро да се грижите за неа да не овени, бидете истрајни и работете, упорно во правец кон таа цел, која сте ја зацртале и вие на таа цел, порано или подоцна ќе стигнете.

Тоа ќе стане стварност. Размислувајте за својата цел во позитивна и опуштена смисла. Замислете во својата глава дека веќе сте ја оствариле. Опуштете го мозокот за момент и замислете, гледајте и доживејте се себе си како ги правите работите со задоволство, кога ќе ја остварите целта.

Извор: Sensa

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: