Сите сме ткаени од енергија. Таа ни овозможува, да ги постигнеме саканите резултати, да го подобриме животот и да го развиеме внатрешниот мир. Затоа е многу важно да се води сметка за неа, секојдневно да ги дополнуваме резервите и да постигнеме мир и склад. Така човекот станува најдобра своја верзија.
Со оглед на влијанието кое енергијата го има на нас, Далај Лама идентификува 6 категории на енергетски вампири и начинот на борбата, против токсичните луѓе, кои со себе не носат ништо добро. Со усвојување на овие техники, ќе имате складен и мирен живот.
‘Велат дека нашите непријатели, се најдобри учители. Тие не’ учат за важноста на трпението, контролата и толеранцијата. Вистинската пракса станува можна, во моментот на средбата со овој непријател’ – Далај Лама’.
Стресните ситуации се секојдневие. На работа и во блиското опкружување, можеме да се сретнеме со такви ситуации и затоа еве мало олеснување.
❤️ Да се прифати сегашноста и ситуациите кои не можат да се променат. Живееме во век кога се’ стана многу брзо. Го отфрливме уживањето во сегашноста и константно мислиме на утре и на нови планови и не почитуваме доволно се’ што веќе имаме. Оваа состојба не’ тера да ги негираме сите негативни ситуации, бидејќи не сме во состојба да признаеме, дека не можеме да ги промениме. Затоа, треба да практикувате препознавање и прифаќање на проблемот како мантра. Прифаќајќи дека нешто не може да се промени, си правиме само добро себе си.
‘Прифати. Ова не е повлекување. Ништо не троши повеќе енергија од конфронтација и борба против ситуацијата, која не може да се промени’
❤️ Одморете кога се чувствувате исцрпено. Способноста да се одупрете на времето и да не станете негов роб, е драгоцена. Дозволете си себе си одмор, кога тоа ќе ви затреба, дури и кога сте во голема гужва. Угодете си себе си.
Многу е важно да знаете кога да застанете и да одморите, а кога е време за акција. Ако такво разбирање нема, тогаш не се почитуваме себе си и својот живот. Кога не го слушаме своето тело, отвораме врата за тешкото и депресијата, која не’ парализира, спречувајќи не’ да станеме подобра своја верзија.
❤️ Опкружете се со добри луѓе. Кога зборуваме за вистински луѓе, мислиме на оние, кои секогаш се тука за нас и кои не очекуваат ништо за возврат. Луѓе кои не’ мотивираат да станеме подобри се вистински луѓе
‘ Одалечете се од оние кои секогаш ви зборуваат за своите проблеми, катастрофи, стравови и оние кои секогаш ги критикуваат другите.’
❤️ Научете да простувате. Ослободувањето од негативните емоции како што е тага, лутина и жед за освета, може да го подобри животот на човекот и со време јасно, да се стави до знаење, дека сте донеле правилна одлука, ослободувајќи се од оние негативни мисли.
‘Ослободете се од ситуации поради кои страдате. Секогаш можете да одлучите да ја оставите болката во минатото’.
Извор: Stil.kurir
Leave a Reply