Не е важно колку имаме, туку колку уживаме

Зошто се фаќаш за она што поминало, а убавината на новиот ден, можноста за нови искуатва, ги отфрлаш без да погледнеш што тие ти носат?

Понекогаш најголемата работа која можеш да ја направиш, е да го почнеш новиот ден со насмевка, бидејќи колку и да знаеш малку за него, имај надеж дека се’ на крајот, може да излезе на добро. Секое утро мириса на нов почеток, бидејќи го доби подарокот – утрово се разбуди и имаш прилика, да ги завршиш своите започнати проекти, да почувствуваш нешто ново, да откриеш некои нови пространства, чии далечини, веќе со години те повикуваат.

Немој да дозволиш, твојот живот да го одредуваат, временските околности околу тебе, бидејќи важно е, само она време во тебе, она чувство кога си подготвен, да се соочиш со нешто непознато.

Секое утро мириса на нов почеток, затоа престани денес да трчаш по луѓето, кои не те доживуваат сериозно, престани да бидеш се’, за оние кои се покрај тебе, само кога си им потребен и побарај ги оние, кои кон тебе покажуваат многу убави чувства, но не ги почитуваш доволно, бидејќи мислиш дека тоа се подразбира.

Сфати дека во денешниот ден се’ е можно, невозможно станува само ако ти кренеш раце од се’ и се предадеш. Секое утро мириса на нов почеток, душата препознава нешто убаво и вредно. Немој да го угушиш нејзиниот глас ова утро, со стари размислувања, кои никаде не те носат и не се враќај на поразите кои те скршиле.

Држи ја дистанцата од се’ што не е вредно и немој, да му робуваш на плановите во кои не си сигурен. Нека интуицијата ти го покаже патот. Овој ден е прилика, која никогаш нема да се повтори, немој да ја упропастиш со скршениците од вчерашниот живот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: