Среќата е единствената работа која се множи, кога се дели

Луѓето не ја губат среќата, луѓето свесно и слободно jа занемаруваат. Нема среќа, ако се посакува, по секоја цена да се биде прв, да се покаже моќ и богатство. Нема среќа, кога таа се изедначува со поседување на нешто, бидејќи секогаш ќе постои уште нешто, што е поубаво, по посакувано, по предизвикувачко или по исплатливо, а тоа секогаш, ќе ни недостига.

Нема среќа, кога таа се гради со споредување, бидејќи секогаш ќе биде некој поспособен, посилен, повлијателен, поубав или подобар. Луѓето не ја губат среќата, луѓето свесно и слободно се одрекуваат.

Се одрекуваат да направат нешто ново, да доживеат некое убаво искуство кое не го доживеале, плашејќи се да направат исчекор, од својата сигурна зона и да се најдат во просторот, во кој се случува живот. Се одрекуваат, бидејќи не се осмелуваат да живеат во сегашноста и постојано се враќаат во некој свет, кој одамна престана да постои, освен во сеќавањата, каде сеуште се назираат бледи трагови, кои наскоро ќе избледат.

Луѓето не ја губат среќата, луѓето за неа немаат сила. За да им направат на некој нешто бесплатно, што не се враќа, нешто што на некој ќе му го разубави денот. Немаат сила да се спротистават на своите стравови и сомнежи, давајќи им така неограничена моќ. Немаат сила да бидат свои, па цел живот се преправаат дека се нешто, што не се. Немаат сила, да веруваат во себе и да го отклучат бескрајниот потенцијал, кој во нив се наоѓа.

Луѓето не ја губат среќата, луѓето свесно и слободно ја заобиколуваат, избираат други патишта, оние, на кои ќе го зголемат своето его, занемарувајќи ги оние, на кои душата ќе им расте.

Затоа да не бараме совети за среќа, нема дефиниција, ни формула со која ќе ја повикаме, ништо не може да ни ја врати, ако ние свесно и слободно избереме начин на живот, неспоив со стварноста на среќата. Треба да работиме на себе, за да и’ ги подготвиме патиштата, по кои таа ќе дојде до нас.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading