И да паднете, не значи дека сте го одбрале погрешниот пат

– Не престанувајте да се обидувате.
Најлошото што технологијата ни донесе, е мрзливоста. Важно е да се обидувате повеќе пати, што и да правите, пред да се откажете.
Исто така е важно, да се пробаат сите можни пристапи да се искористат сите ваши вештини. Ако сфатите дека сепак тоа н дава рзултати, тогаш тоа треба да се прифати и да се продолжи понатаму, но, да се откажете пред да ги пробате сите можни варијанти, вие просто немате право.
Што и да правите, бара трпение. Морате во себе да ја развиете силата и мотивацијата, никогаш да не престанете да се обидувате.


– Сите одговори се во вас.
Основниот принцип е користење на интуицијата. За да можете да се носите со проблемите, кој светот ги става пред вас, мора да го користите шестото сетило.
Универзумот ни ја отвора вратата, но мораме да бидеме подготвени да ги прифатиме неговите знаења, следејќи го својот пат и не разочарувајќи се уште на старт, поради недостаток на одговор.
Сите одговори се во нас, само треба да се гледа во вистинскиот правец и да се верува во себе.


– Пораз
Можеби најважниот дел од растот. Ова е лекција која многу од нас уште ја немаат освестено. Грешка или пораз, за нас е нешто лошо, што во суштина не е вистина.
Секогаш постојат две страни на медалот.
Неуспесите и грешките- се процес на учење, во тоа е нивната убавина.
Некој може да ви даде вредна лекција, но вие нема да ја разберете нејзината вистинска вредност, додека не ја доживеете лично. Поразите и неуспесите се важен дел од животот, но и покрај тоа ние се плашиме, од таквиот начин на животна обука.


– Да ја разберете силата на минливоста
Непостојаноста е еден од најважните постулати на животот и оној, кој ја сфаќа неговата суштина, може во потполност да го разбере животот.
Ништо не е трајно и што побрзо тоа го разберете и го прифатите, побрзо ќе можете да живеете исполнет живот без очекувања.


– Научете се на уметноста на трпението.
За некои луѓе, трпението изгледа недостижно. Обрнете внимание како тие брзо се лутат. Се’ има свое време и место.
Времето е во рацете на човекот, затоа тоа не треба да ве разочара. Трпението е дефинитивно доблест и кога можете да се контролирате, ќе бидете на патот кон исполнет и среќен живот.

– Заборавете што мислат другите луѓе.
Општеството има способност да го програмира нашето его.
Постојано се грижиме, што другите мислат за нас. Да се нахрани сопственото его, не е нормално, а ако мислите, дека тоа ќе ве направи среќни, многу грешите. Ако имате силно его, не значи дека сте стеќни. Ако можете да се одвоите од сопственото его, тогаш ќе растете духовно. Морате да се фокусирате на она што мислите и чувствувате, а не на она околу вас.
Само во тој случај, ќе успеете да постигнете хармонија со себе.

– Се борите со внатрешниот непријател
Непријателот е во одразот. Како што се сите одговори се во нас, главниот и најлош непријател, исто така се ноаоѓа во нас.
Токму вие му давате моќ на своите стравови и несигурности.
Не можете да го достигнете посакуваното, ако не го победите својот внатрешен непријател, кој не ви дозволува да бидете среќни.
Со други зборови, морате да ги победите своите внатрешни стравови.

– Среќата почнува одвнатре.
Цинично е да се тврди, дека среќата се гради само врз духовна основа во животот. Семејството и пријателите, музика, книги, хоби, тие се исто така дел од вашето патување. Меѓутоа, не можете да уживате во животот ако не сте среќни одвнатре. Кога ќе се достигне внатрешна среќа, таа ќе излезе надвор и во се’ што ве опкружува.

– Освестете, што е вредно за вас, освен материјалното.
Оваа едноставна вистина ја имаме слушнато многу пати. Меѓутоа за нас луѓето кои живеат во 21 век, кога доминира влијанието на медиумите, многу е тешко да се оградиме од материјалните добра и потребите.
На крајот, природно е да се бара среќа и задоволство во надворешниот свет, но тоа не значи дека треба да се занемари нејзината внатрешна компонента. Луѓето кои го наоѓаат мирот во себе, по правило, далеку се од материјалното задоволство и мислењето на општеството. Тие се среќни и исполнети.

Меѓутоа, секој е поинаков а следејќи ги горенаведените препораки во голема мера можете да ги зголемите своите шанси да бидете среќни.

извор http://uduba.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: