Многу луѓе ја губат малата радост која им ги полни срцата, надевајќи се на голема среќа

Научете кога е вистинско време за пуштање. Пуштете ги пријателите, неуспешните врски, лошите навики. Отпуштете ги негативните и депресивни мисли, болните сеќавања, негативните луѓе или оние кои се моментално покрај вас.

Тргнете се на време. Не го покривајте своето тело со лузни. Престанете да си ја труете душата, со отровот наречен вина- тоа е чувство кое ве одалечува од животот и целта. Почитувајте го својот живот, повеќе отколку што го почитуваат другите.

Ако видите дека некој го смета својот живот повреден од вашиот, тргнете се. Морате да научите, да бидете одговорни за својот живот, пред да станете одговорни за туѓиот. Никој не е роден како жртва.

Господ не бара од нас, да го жртвуваме својот живот или својата способност да сакаме. Лесно е да се изгубиш себе- да станеш некој друг, да живееш туѓ живот, да живееш во друг свет, во поинаква стварност. Дири не е тешко, ни да посакуваш работи. Тешко е да се пронајдеш СЕБЕ.

Единствено не можеме си одредиме колку ќе даваме. Ако се жртвуваме себе си за ништо, не стануваме посилни, туку послаби. Научите да се тргнете од сите ситуации. Секогаш ќе го препознаете вистинскиот момент, само верувајте во себе, во својата интуиција и не ги лажете другите.

Без оглед на вашето мислење, не постојат лоши луѓе. Постојат само оние што се поинакви од нас, а ние, не сме одговорни за постапките на другите, туку за своите. Се’ што ни се случува во животот, било каде околу нас, се случува со допуштање.

Ние создаваме живот таков каков што е. Ние и’ дозволуваме на темнината да владее, со нашите животи и ние го пуштаме стравот да влезе во него. Ние стануваме странци во сопствениот живот.

Погледнете околу себе, можеби дошло време да се ослободите од се’. и тоа се’, да се остави зад себе и да се одалечите, без оглед на туѓото мислење. Тешко е да се оди, но кога ќе дојде вистинскиот момент, заминувањето е нужно. Оставете ги зад себе опсесивните илузии и наметнати стравови, но никогаш не заборавајте да сонувате и да се обидувате понатаму.

Не се плашете од неуспех- тој само потврдува дека сте се обиделе. Не се плашете од туѓите реакции, бидејќи ништо не можете да предвидите пред да се случи, а и да можете- стравот е бесмислен. Она што треба е да оставите и да продолжите. Се’ ни доаѓа во вистинско време. Секогаш сме свесни за своите желби. Ги помниме сите оние моменти кога сме очекувале нешто, а не сме добиле, но никогаш не размислуваме за тоа, од што не’ поштедил Универзумот на тој начин.

Вистината е едноставна. Се’ ни доаѓа во право време, дури и чудата. Затоа треба да си одите на време, да ги отпуштите работите. Бидејќи, ако останете подолго од тоа што треба, сценариото на животот ќе продолжи да се повторува- само други глумци ќе ги играат улогите.

Извор: consciousreminder.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: