Токму Ти си нечија причина за насмевка

Еден ден ќе се разбидиш и ќе сфатиш дека стана шума. Пушти корени, и во неа пронајде сила, за која никогаш не мислеше дека ја имаш.

Стана појака и поубава, полна со квалитети кои животот ги создава. Научи како негативноста околу себе, да ја претвориш во кислород кој ти го олеснува дишењето.

Во тебе живеат голем број диви животни кои се нарекуваат приказни. Разни прекрасни птици, кои се наоѓаат во твојит ум и се нарекуваат сеќавања.

Стана неверојатна, самостојна и целовита личност со неопишливи можности. Треба бескрајно да бидеш горда на себе, колку напредуваше, од семето кое некогаш беше.

Nikita Gill

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: